Category: Новости

Градоначалникот Ружински ги посети децата од детската градинка „23 Август“ по повод Неделата на детето

По повод Неделата на детето, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ја посети детската градинка „23 Август“, каде што беше пречекан со искрени детски насмевки, радост и прекрасна атмосфера. Најмладите жители на Берово подготвија прекрасна приредба, исполнета со песна, игра и детска радост, со која уште еднаш покажаа дека детската енергија е најубавиот дел од [...]

Започна реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улица „15-ти Корпус“, во Берово

Започна реализацијата на проект за  „Реконструкција на крак 1 и крак 2 од улица „15-ти Корпус“, со кој се унапредува патната инфраструктура и се создаваат подобри и побезбедни услови за движење на жителите. Во рамки на проектот,   предвидено е целосно расчистување и пробивање на краците, нивелирање и тампонирање на трасата, уредување на соодветно одводнување, како [...]

Јавен повик за изработка на лого на Локалниот младински совет на Општина Берово

Локалниот младински совет на Општина Берово денеска, 6 октомври 2026 година, објавува јавен повик за изработка на лого кое ќе го претставува неговиот визуелен идентитет. На повикот можат да учествуваат млади лица до 29 години со сопствено авторско, оригинално и уникатно решение. Секој учесник може да достави и повеќе предлог-дизајни. Дизајни креирани со вештачка интелигенција [...]

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (РПУ за ИПР и СИПР)

Во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален [...]

Среќен почеток, драги студенти!

Ви посакуваме успешна и исполнета академска година, многу знаење, нови искуства и успех на секој чекор! Во рамки на Програмата за образование, Општина Берово доделува по 6.000 денари, за секој студент, запишан на државните универзитети, како поддршка во нивното образование и вложување во знаењето и иднината на нашите млади. Учете, создавајте и верувајте во себе [...]

Реконструиран крак од улица „Први Мај“ во Берово

Во Општина Берово се реализира проектот „Реконструкција на крак од улица „Први Мај“, со кој се уредува и подобрува патната инфраструктура и условите за безбедно и непречено движење на жителите. Во рамки на проектот, извршено е  целосно расчистување и пробивање на кракот, нивелирање и тампонирање на теренот, поставување на рабници, како и поплочување и уредување [...]

🏃‍♀️🏃‍♂️ БИДИ АКТИВЕН! УЧИЛИШТЕН СПОРТСКИ ДЕН ВО БЕРОВО

ДЕНЕС СПОРТУВАМЕ! Денеска, во рамките на Европската недела на спортот,  под покровителство на Министерството за спорт и глобалната кампања #BeActive, во Берово се одржува Училиштниот спортски ден, во организација на Општина Берово, во соработка со ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ ООУ ,,Никола Петров Русински"  и ОСУ „Ацо Русковски“. Нашите ученици, денеска, се дел од спортските активности, [...]

Одлука за избор при спроведен Интерен оглас

Врз основа на спроведен ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2026, за унапредување на еден (1) административен службеник во Општина Берово за работно место- Виш соработник за урбанистичко планирање, во Одделение за урбанизам- Сектор за комунални дејности, заштита на животната средина, урбанизам и локален економски развој при Општина Берово, објавуваме: Одлука за избор

Одржана јавна дебата за дефинирање на приоритетите за претстојниот јавен повик за граѓански организации

Вчера во Општина Берово, се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритетите за претстојниот Јавен повик за финансирање на проекти на граѓански организации, кој се планира да биде објавен на крајот на октомври 2026 година. Јавната дебата беше можност за заинтересираните граѓани и претставниците на граѓанскиот сектор активно да се вклучат во дискусијата, да ги [...]

БИДИ АКТИВЕН! УЧИЛИШТЕН СПОРТСКИ ДЕН ВО БЕРОВО

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на спортот, под покровителство на Министерството за спорт на Република Северна Македонија, преку глобалната кампања #BeActive, Општина Берово, во соработка со ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и ОСУ „Ацо Русковски“, организира Училиштен спортски ден. Целта на оваа спортска манифестација е да се промовираат здравите животни навики, да се поттикне [...]
Горе