ЈПКР ,,Услуга”

ЛИНК ДО ВЕБ САЈТ И БРЗА ДОСТАПНОСТ НА УСЛУГИТЕ НА ЈПКР Услуга Берово 

ЈПКР „Услуга“ Берово претставува јавно претпријатие за комунални работи основано со акт од Собранието на Општина Берово со решение бр.4/66 и запишано во судскиот регистар при Апелациониот суд во Штип под реден бр.266 за што е издадено решение бр.10/75.

ЈПКР „Услуга“ Берово согласно Статутот се утврдува како независен правен субјект, управуван од страна на директорот кој го именува градоначалникот на општината. Управувањето го врши Управниот одбор, кој се состои од пет члена делегирани од страна на основачот. За вршење на контролата на материјално финансиско работење на претпријатието се формира надзорен одбор составен од пет членови кои исто така ги именува основачот.

Јавното претпријатие за комунални работи се основа заради вршење на дејност од комуналната област од јавен интерес, а која претставува незаменлив услов за животот и работа на граѓаните на територија на Општина Берово.

Основните дејности кои ги врши ЈПКР „Услуга“ Берово се: Собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода, изнесување, депонирање на отпадоци и одржување на чистотата во градот, изградба на хидро-градежни објекти (изградба, реконструкција и поправка на надворешен водовод, канализација и др.), поставување и поправка на градежни инсталации, внатрешни водоводи, канализации, пречистување и одводнување на отпадни води, уредување на улици и сообраќајници, уредување, одржување на јавни зелени површини (паркови и дрвореди, зелени површини на станбени згради и др.), одржување на јавно осветлување и други комунални дејност (пазарни услуги, одржување на гробишта, оџачарски услуги и сл.).

За поуспешно извршување на својата дејност, како и остварување на резултатите во извршувањето на работните задачи, а во согласност со Статутот на претпријатието, Правилникот за систематизација на работните места, претпријатието е составено од 8 сектори и тоа: Сектор за општи и правни работи, сектор финансии и сметководство, сектор производство на вода

, сектор дистрибуција на вода и канализација, сектор пречистување урбани отпадни води, сектор комунална хигиена и механизација, сектор јавна чистота, зеленило, градски гробишта и пазар и сектор катастар предмет и пресметка.

 

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ

 

Секторот општи и правни работи како и Секторот сметководство и финансии ги вршат работите кои се од заеднички карактер за Претпријатието и останатите работни единици и работите околу правилното и законското функционирање на целокупното работење.

 

Секторот општи и правни работи се грижи за сите правни и административно – технички работи, нормативно – правни и општи работи ( следење на законските прописи и акти, изготвување акти на претпријатието, давање предлози за измени и дополнување на актите на претпријатието, се грижи за правилна примена на актите, дава совети и мислења на работниците, изготвува материјали за седниците на органите на управување – надзорен и управен одбор и сл.)

 

Посебен акцент од делокругот на оваа работна единица се става на работите од областа на работните односи односно заштита на правата на работниците и нивно усовршување, информираност на вработените како и работите од доменот на заштита на имотот, побарувањата и правата на Претпријатието.

 

Во рамки на овој сектор се спроведуваат и јавните набавки односно се изготвува годишниот план за јавни набавки и се спроведува целата постапка за јавната набавка од изготвувањето на одлуката за потреба од јавна набавка, па се до склучувањето на договорот за јавна набавка.

 

Со цел зголемување на ефикасноста во работењето, правната служба е задолжена за преземање на сите законски мерки за наплата на побарувањата од корисниците од услуги, односно за таа цел ќе бидат поднесени до надлежните органи – нотар, предлози за донесување решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа односно ќе бидат покренати постапки за присилна наплата на долгот од нередовните корисници на услуги.

 

СЕКТОР СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ

 

Во областа на финансиското работење односно Секторот финансии и сметководство се врши организирање на работата во финансиите и сметководството согласно законската регулатива. Се изготвуваат финансиските планови и обврските, сметководствените извештаи – периодични и годишни пресметки, прегледи и биланси за состојбата во соодветниот период за работите околу осигурувањето, примање и контрола на сите финансиски документи во работењето, книжење на финансиските документи од платните промети преку касата и жиро сметките,  се пресметува и евидентира амортизацијата на отписите на основните средства, точно водење на податоците и вршење на наплата на услугите кои ги дава Претпријатието преку службата на инкасаторите и др.

 

Во координација со останатите работни единици посебно внимание ќе се посвети на наплата на фактурите од корисниците на услугите односно на зголемување на реализацијата и ефикасноста во работењето како предуслов за квалитетно извршување на услугите.

 

ВОДНИ УСЛУГИ

ЈПКР Услуга Берово со водоснабдување ги покрива градот Берово и селските населби Смојмирово, Мачево, Будинарци, Митрашинци, Русиново и Владимирово. Со канализација и пречистување на отпадните води, ги покрива Берово,  Русиново, се приклучи и селото Смојмирово, а во текот на 2019 година треба да се приклучи и Владимирово. Со услугата пречистување на отпадни води се опфатени и Пехчево и Чифлик.

Во согласност со барањата на Законот за утврдување на цените на водните услуги, ЈПКР Услуга изготви Бизнис План, кој го опфаќа периодот 2018-2020 година, во кој е опфатена моменталната состоја на претпријатието, краткорочни и долгорочни цели, мерки и индикатори на успешност  и инвестициски план.

Во однос на водните услуги, дефинирани се мисијата и визијата на претпријатието:

Мисија

ЈПКР Услуга Берово врши дејности од јавен интерес за граѓаните на општина Берово преку доставување на безбедена вода за пиење, собирање, одведување и третман на урбани отпадни води, депонирање и собирање на цврст отпад и одржување на чистотата на јавните површини. Гради и одржува хидроградежни објекти, улици, гробишта, оџаци и пазарни услуги.

Визиjа

ЈПКР Услуга е современ, технички и технолошки опремен и професионален давател на комунални услуги по достапни цени, целосно ориентиран кон квалитетот на животот на корисниците и одржувањето на чиста и здрава животна околина.

Во моментот , ЈПКР ,,Услуга” , дејноста ја  извршува, преку ангажирање на вкупно 77 вработени, распределени по сектори и одделенија.

Горе