Средно образование

ОСУ,, Ацо Русковски,, Берово

Гимназиското образование во Берово датира од учебната 1951/1952 година како неполна гимназија која во учебната 1953/1954 година  со Решение на Советот за просвета на НРМ прерасна во полна гимназија.

Училиштето е верифицирано за гимназиско и за стручно образование .

Во реформираното гимназиското образование од 15.05.2004 година се застапени  Наставни планови и програми за :

  • општествено – хуманистичко подрачје
  • природно – математичко подрачје
  • јазично – уметничко подрачје .
  • Текстилно-кожарска струка/ текстил, кожа и слични производи( образовен профил: конфекциски техничар и техничар за изработка на облека) од 16.05.2006 година со Решение на МОН на РМ.
  • Дисперзирани паралелки во I, II, III и IV година гимназиско образование во ОУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево од 25.09.2008 година на МОН на Р.Македонија
  • Угостителско – туристичка струка со образовни профили : хотелско-туристички техничар и угостителски техничар верифицирана од 23.08.2013 година.
  • Од учебната 2019/20 година имаме воведено и шумарско-дрвопреработувачка струка, образовен профил- техничар за изработка на мебел и ентериер, верифицирана  од 20.05.2020 година на МОН на Р.С. Македонија.

Во учебната 2020/2021 година се запишани 369 ученици, распоредени во 25 паралелки. Во гимназиско образование имаме 250 ученика, а во стручното 119. Во Берово учат 311, а во Пехчево 58 ученика.

Наставата ја реализираат 53 наставника. Имаме 5 стручни соработници, 1 административен работник и 7 хигиенско-технички кадар.

Училиштето активно учествува на  литературни и ликовни конкурси во склоп на проекти реализирани од институции со кои соработува училиштето, но и на регионални, државни и меѓународни натпревари каде учениците постигнуваат  солидни   резултати. ОСУ,,Ацо Русковски,,  и понатаму го задржува континуитетот на престижно и реномирано училиште од кое произлегле врвни интелектуалци.

Нашето училиште е вклучено во повеќе проекти :

  1. СЕА проект-Активности во средното образование
  2. Промоција на хумани вредности (соработка со Црвен крст)
  3. Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем
  4. Проект за меѓуетничка интеграција во образованието (МИMО)
  5. Условени парични трансфери (УПТ)
  6. Кариерно советување
  7. Еразмус +
  8. RYCO

Во вкупното работење на училиштето мошне значајна улога има и дејствувањето и работењето на младинските асоцијации: Средношколска заедница на учениците и Младинската канцеларија.

                                                                                    ОСУ „Ацо Русковски“-Берово
Директор
Сашко Корчовски

Горе