Category: Новости

Утре (14.5.2026 година), Советот на Општина Берово ќе ја одржи 11-тата седница

 Утре (14.5.2026 година), со почеток во 08:00 часот, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи единаесеттата седница на Совет,   со следните точки на дневен ред:                                                Записник од 9-та Седница на Совет на Општина Берово; Записник од 10-та Седница на Совет на Општина Берово; К1 – Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Берово [...]

Одбележани 150 години од Разловечкото востание, во Берово

По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, денеска,  со достоинство и почит, им беше оддадена чест, на хероите кои ја започнаа борбата за слобода . Разловечкото востание, останува траен симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на македонскиот народ, а споменот за неговите учесници,  продолжува да живее и денес. Пред споменикот на Димитар Беровски [...]

Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на штета на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – голомразица

Врз основа на член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 5/2002 и “Службен Весник на РСМ” бр.202/24) и член 2 од Одлуката за утврдување на природна непогода “голомразица” што ја зафати територијата на oпштина Берово на 1, 2 и 3-ти мај 2026 година со бр. [...]

Изложба на тема „Цвеќе и детска недела“ , во Берово

Денеска ја посетивме гостинската ликовна изложба, организирана во рамки на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, која се одржа во просториите на Историско-етнолошкиот музеј во Берово. Изложбата, организирана од Домот на културата „Димитар Беровски“ – Берово, во соработка со Општина Берово, ги претстави детските ликовни творби на тема „Цвеќе и детска недела“ изработени од [...]

Честит 7 Мај – Ден на македонската полиција!

До сите припадници на полицијата и безбедносните служби, упатуваме искрени честитки, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.Ви благодариме за вашата професионалност, посветеност и пожртвуваност, кон зачувувањето на безбедноста, редот и мирот на граѓаните.Вашата храброст и одговорност кон работните обврски, заслужуваат искрена почит и благодарност.Ви посакувам добро здравје, успех и сила, во извршувањето [...]

ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ го одбележа патрониот празник

ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, денеска, достоиствено,  го одбележа патрониот празник, посветен на ликот и делото на истакнатиот македонски војвода.   По тој повод, во училишниот двор, беше положено свежо цвеќе, пред спомен-обележјето на патронот. Почит оддадоа делегации од училиштето, предводени од директорката, делегација на Општина Берово предводена од градоначалникот, како и претставници од [...]

Во Берово, одржана јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“

Во големата сала на Општина Берово, вчера, се одржа јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. Настанот обедини претставници од институции, организации, лица со попреченост, образовни асистенти и заинтересирани граѓани, кои имаа можност, поблиску да се запознаат со можностите и поддршката [...]

Ораторска вечер по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во Берово

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во организација на младите ентузијасти Ана Шоповска и Иван Стојановски, а во соработка со Општина Берово, утре 30.04.2026 година (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово,  ќе се одржи Ораторска вечер посветена на убавината, значењето и негувањето на македонскиот јазик. Настанот има [...]

Нови инвестиции за Берово – потпишани договори за два значајни проекти

Денеска, во Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ги потпиша договорите за реализација на два значајни проекти за Општина Берово, кои ќе придонесат за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните: Реконструкција на крак 1 и крак 2 од ул. „15-ти Корпус“, за кој се одобрени 2.677.646,00 денари; Оградување [...]

ОБЈАВА бр.03/2026 за продажба на движни ствари – железен и алуминиумски отпадeн материјал, сопственост на ОСУ “Ацо Русковски” Берово (Прва Објава)

Комисијата за спроведување на постапки за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапки за продажба и давање во закуп на движни ствари, како и постапки за набавка на недвижни ствари врз основа на член, 42, 46, 47, 48, 49 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите на во државна [...]
Горе