ОЈУСЗСЛ ,,ДР Иван Влашки”

Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица Д-р Иван Влашки

Општина Берово со помош и соработка со Холандско-Македонската хуманитарна организација и Министерство за труд и социјална политика ја отвори Општинската Установа Дом за стари лица, кој се наоѓа на влезот во Берово. Општина Берово како основач на јавната установа ќе го поддржува тековно работење на оваа установа. На почетокот на 2019 година, оваа општинска јавна установа го прошири својот капацитет од постоечните 15 на 29 легла за корисниците. Во 2020 година извршена е  реконструкција на трета ламела, после што општина Берово учествуваше на регионални форуми во заедницата и преку Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, обезбедени се средства за  внатрешно уредување на истата. Според проектот, третата ламела ќе може да згрижи уште нови 10  корисници, според сите стандарди и домот ќе добие една целина со капацитет од  вкупно околу 40 корисници.

Годините наназад домот работи цело време со пополнет капацитет и константно на листата на чекање за сместување има голем број корисници.

Законот за социјална заштита, предвидува децентрализација во сферата на социјалната заштита, преку повици објавени од страна на Министерството за труд и социјална политика (согласно член 140 и член 145 од Законот за Социјална заштита, Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.05.2019 година), по кој повик во текот на месец октомври 2020 година е склучен договор за имплементација на проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”, во кој е предвидено нега и грижа на стари лица во домашни услови, за кои ќе се грижат вкупно 20 даватели на услуги и ќе бидат ангажирани Социјален работник,  асистент и возач, а услугата ќе можат да ја користат вкупно 60 крајни корисници, од кои 12 лица во Берово и 48 во селските населби. По истиот повик за воспоставување на услугата на  општина Берово и се одобрени средства, во износ од 1.045.000,00 денари за теренско возило.

  1. УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ УСТАНОВАТА

Услугите на домот за стари лица д-р Иван Влашки се нудат преку :

  • Програма за згрижување и нега на стари лица кои може да се грижат за себе, односно корисници кои имаат одреден степен на независност .

ОЈУСЗСЛ ‘’д-р Иван Влашки’’-Берово на своите корисници им обезбедува помош и нега со сместување, согласно потребите и здравствената состојба на самите корисници. Негата опфаќа исхрана, одржување на личната хигиена, одржување хигиена на просторот каде што престојуваат, одржување на хигиена на алиштата, медицинска заштита и психо-социјална поддршка.  Во договор со нивните семејства и согласно нивната здравствена состојба, домот помага во остварување на одредени права на корисниците, во случај кога истите не се остварени. Најчесто се работи за остварување на правото на пелени и ортопедски помагала, поддршка во остварување на правото на туѓа нега и мобилност. Домот остварува соработка со Здравниот дом -Берово  преку кој на корисниците им е овозможено континуирано следење на нивната здравствена состојба.

  • Геријатриска програма каде се сместени лица на кои им е потребна целосна нега и грижа. Тие имаат секојдневна потреба за помош при јадење, облекување, одржување и лична хигиена . Во овие лица не се сместени лицата кои имаат потреба хоспитализација во болница,  луѓе со карцерогени заболувања, луге кои хронично и акутно страдаат од висок крвен притисок  и лица кои имаат сериозни патолошки состојби.

Услугите во домот ги обезбедуваат неопходните услови за живеење на старите и изнемоштени лица.

  • Основни услуги кои се нудат во двете програми се :
    • Сместување до целосен престој

    Корисниците се сместени во еднокреветни или двокреветни соби кои се опремени со кревет, плакар , телевизор со кабелска, сопствено WC и бања, мини куња со фриждер.

    • Исхрана

    Објектот не располага со сопствена кујна, така да оброците се подготвуваат секојдневно од надвор,преку кетеринг услуга за која согласно законот за јавни набавки се распишува тендер и се избира најповолниот понудувач,  по желба на корисниците на услугите, при што нивните лични желби се усогласуваат со нивната старосна и здравствена состојба, врз основа на претходна консултација.

    • Медицинска нега и медицински прегледи

    На корисниците им се обезбедува медицинска нега во смисла на преглед на матичен лекар по потреба и специјалист  што е на терет на корисниците и брзовремено реагирање за итна медицинска помош. Секојдневно им се следи здравствената состојба на корисниците со мерење на крвен притисок, гликемија како и редовно земање на препишаната терапија на корисниците од страна на матичниот лекар.

    • Дневната нега

    Дневната нега се состои од : помош при хранење, социјални активности,одржување лична хигиена и слично,дружење меѓусебно, прошетки во дворот и сл.

    • Психо- социјални активности

    Вежби за психо- физички развој и рекреација, вежби за развој на личните потенцијали , вежби за комуникација и интеракција со другите членови од семејството, тестирање и евалуација на способностите и личноста  на корисникот.

    • Организирање на културно забавен живот

    Посети во домот од страна на здруженија на граѓани, детски градинки, студенти, посета од ученици-волонтери, прошетки, друштвени игри, рачна изработка и слично

    • Обезбедување на фризерскоберберски услуги

    Подстрижување, фарбање и уредување на фризурите на корисничките сместени во домот како и редовно подстрижување и бричење на корисниците во домот

Горе