ОЈУДГ,,23 Август”

Со капацитет од 160 деца, градинката е формирана и отпочна со работа од  1. 2. 1976 год.

Во склоп со неа се и градинките од с. Русиново со капацитет од 80 деца, која започна да работи 1982 год.

До 1994 год. работеа и големите забавишни групи во селата Будинарци, Митрашинци, Владимирово, Ратево и Двориште.

Од 1994 се задржаа само клоновите во с. Русиново, Будинарци, Митрашинци, и Смојмирово, поради миграцијата село-град. Село Смојмирово од 2018 година не работи и децата ја посетуваат градинката во Берово.

ОЈУДГ „23 Август“ Берово е место каде што:

-се обезбедува згрижување, воспитно-образовна работа, нега, исхрана за деца од 9 месеци до 6 годишна возраст;

-тука се вклучени децата од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од 6 до 10 годишна возраст;

-годинава поради вирусот корона ги прифативме само децата од I одделение;

-кај нас следат современите трендови на згрижување, воспитание и образование на децта, следејќи ги основите на Ран детски развој, давајќи му можност на секое дете да ги оствари сопствените потенцијали;

-се обезбедува и креира богата и стимулативна средина, преку која децата имаат можност да стекнуваат нови знаења, да истражуваат, да се стекнат со нови вештини и искуства преку игра;

-се негува идејата дека Детската градинка е место од каде што секогаш произлегуваат нови и свежи идеи, а нашите воспитаници-децата ќе ги научиме на основните вредности на живот, како смело и храбро да зачекорат, како идни одговорни граѓани на нашата држава;

Горе