Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија,Мерка 6.Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 03.11.2026 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот“Солидарност и грижа”
Се повикуваат сите заитересирани граѓани од следните категории:
- стари, осамени и изнемоштени лица, хронични болни лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, Проект “Солидарност и грижа” како “крајни корисници” односно да бидат корисници на услуга – организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.
Работните активности кои се предвидени со проектот “Солидарност и грижа” предвидуваат социјална заштита и вклученост на стари/изнемоштени лица односно лицата кои се во ризик, стари и сами лица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секојдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.
Истите предвидуваат но не ограничуваат:
- Услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.)
- Консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа
- Помош при движење и заеднички прошетки
- Набавка на продукти за исхрана и други потреби во домаќинството
- Приготвување на топол оброк/напиток
- Поддршка во одржување на хигиената во домот на крајниот корисник
- Вршење на поситни работи во домаќинството (миење садови, внесување дрва за огрев и сл.)
- Плаќање на сметки
- Достава на храна
Крајните корисници или во нивно име друго лице пријавата за учество во проектот“Солидарност и грижа” можат да поднесат во Општина Берово, (кај лицето Даница Пиличовска) најдоцна до 30.11.2026 година.
Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинска Комиси за следење на проектот.
Проектот “Солидарност и грижа” ќе се имплементира на територија во општина Берово за грижа и нега односно лицата кои се во ризик во времетраење од 9 месеци.
Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска на тел.033 471 057 и на интернет адреса: www.berovo.gov.mk.
Општина Берово
Градоначалник
Петар Ружински
