ТППЕ Берово

Со Законот за пожарникарство се уредува формирањето,организирањето и дејствувањето на противпожарните единици,доброволните противпожарни здруженија,гасењето на пожарите како и условите за производство,ставање во употреба и одржување на уредите,  опремата и сретствата за гасење на пожари.

Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес.Пожарникарството е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Република Северна Македонија.

Заради гасење на пожари,спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии,укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации,како и извршување на други задачи при несреќи и непогоди,се формираат противпожарни единици.Согласно член 5 став 3 од Законот за пожарникарство,Општина Берово формира Територјална противпожарна единица,која ја покрива и територијата на Општина Пехчево.Единицата покрива 974 км/2 опфатени околу 20 000 жители во две градски населби и 14 селски населби.

Единицата брои 14 пожарникари,од кои:

*1 пожарникар-в.д.Командир

*3 пожарникари-командир на одделение

*2 пожарникари-водичи на група

*4 пожарникари-возачи на специјално возило

*4 пожарникари спасители

Противпожарната единица е организирана и опремена со соодветна опрема за гасење на пожари,како и за извршување на други задачи во рамките на надлежностите.Покрај гасењето на пожари ТППЕ учествува и во вршење на технички интервенции во рамките на своите можности за која цел се спроведува и соодветна обука  на вработените.

Единицата располага со 2 авто-цистерни ФАП 14/14 и ФАП 1921 со носивост од 7000 литри вода,едно специјално теренско возило Бремач со носивост од 2000 литри вода и едно теренско возило Опел Фронтера.Исто така единицата располага и со хидруличен алат кој што се користи при сообраќајни незгоди.

Список на вработените во ТППЕ           

 

Р.б Име и презиме Работно место
1 Сашко Руменовски В.д.Ком.на ТППЕ
2 Славчо  Боболински Ком.на одд.
3 Зоран  Џопковски Ком.на одд.
4 Димитар Букушовски Ком.на одд.
5 Зоран Ајтовски Водич на група
6 Ѓорѓи  Мишевски Водич на група
7 Сашко  Белдедовски Пож.возач на специјално возило
8 Антонио Стамболиски Пож.возач на специјално возило
9 Горан Газинковски Пож.возач на специјално возило
10 Сашко  Арменски Пож.спасител
11 Гоце  Бизговски Пож.спасител
12 Дејан  Вучковски Пож.спасител
13 Ангел Бубевски Пож.спасител
14 Бранче Милчовски Пож.спасител
Горе