ГРАЃАНИТЕ ГИ ИЗБРАА ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2027 ГОДИНА

На вчерашната втора и завршна форумска сесија во рамки на Форумот во заедницата, граѓаните ги избраа приоритетните проекти кои ќе бидат предложени за реализација и вклучување во Буџетот на Општина Берово за 2027 година.

По презентацијата и разгледувањето на предложените проекти, со гласање беа утврдени следните приоритети:

Прворангиран проект: Изработка на техничка документација за замена на доводниот цевковод..

Второрангиран проект: Зголемување на капацитетот на резервоарот и реконструкција на пумпната станица во с. Русиново

Треторангиран проект: Реконструкција на мостот „Три Реки“ во Ратево

Четврторангиран проект: Изградба на канализациона мрежа во с. Митрашинци

Петторангиран проект: Изградба на улици во с. Мачево

Форумскиот процес уште еднаш покажа дека директното учество на граѓаните е важен дел од креирањето на локалните политики и утврдувањето на развојните приоритети.

Како Општина Берово, остануваме посветени на отворен дијалог, транспарентност и активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки, затоа што најдобрите решенија се создаваат заеднички.

Вашите предлози се наши насоки за развојот на Берово!

Горе