ПРОЕКТИ

Хортикултурно уреден дворот во ООУ,,Никола Петров Русински”

Новите туи, ели, јасмини и цветни грмушки, ќе го красат дворот  во основното училиште во с. Русиново, кој  хортикултурно е уреден, по одобрена  апликација и изготвен проект, кој за потребите на општината, го изработи и донира, општествено одговорен граѓанин, д-р Ефтим Брндевски.

Целта на оваа мерка, е намалување на аерозагадувањето, преку уредување на зелени површини, а целокупната постапка до најповолен понудувач, се реализираше преку Генералниот секретарјат.

Инвестирањето во  зелените површини е секогаш потребно. Жителите на с. Русиново, добија ново зелено катче, така што ќе дадеме уште еден придонес за екологијата. Образовните установи,  секогаш треба  да бидат пријатно катче за нашите деца- истакна Градоначалникот Пекевски.

Општина Берово доби средства од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, за уредување на зелени површини во ООУ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, во износ од 221.000,00 денари.

Останатите средства, предвидени во истиот проект, за засадување на тревна површина,  ќе бидат обезбедни од Буџетот на ООУ,,Никола Петров Русински”, за 2021 година.

Горе