Социјална заштита

Социјалната заштита претставува систем на политики, мерки но и активности, со кои се спречуваат  или надминуваат социјалните ризици кај граѓаните.

Со активностите за социјална заштита, општина Берово се стреми кон намалување  на сиромаштијата  и социјалната исклученост, преку јакнење на капацитетите на лицата од ранливи категории и нивна правилна инклузија во секојдневието на општината, како и секојдневно унапредување на општественото живеење .

Во рамките на активностите за социјална заштита на Оштина Берово,  влегуваат активностите на Општина БЕРОВО, ОЈУДГ ,,23 АВГУСТ “ БЕРОВО , активностите на ОЈУСЗСЛ д-р. ,, ИВАН ВЛАШКИ “БЕРОВО и одредени трансфери и активности со кои Општина Берово ќе дава  помош и подршка во остварувањето на социјална заштита, со средства од општинскиот Буџет и од  донатори.

Двете установи кои работат на територијата на ОПШТИНА БЕРОВО во областа на социјалната заштита ги реализираат своите активности преку средства приберени по пат на самофинансирање, што значи прибирање на средства од корисниците на услугите, со средства од Буџетот на Општина БЕРОВО и преку блок дотација од Министерството за труд и социјална политика, како и разни други дотациски средства кои се реализираат по поднесена апликација од страна на општина Берово.

 

 

Единиците на локалната самоуправа како едни од главните носители на социјалната заштита се одговорни за:

 

– Донесување на развојни програми за социјална заштита;

– Основање на јавни установи за социјална заштита;

– Развивање на вонинституционални форми за социјална заштита;

– Реализирање на социјални програми во соработка со останатите сегменти јавниот сектор, приватниот сектор и невладини организации

-развивање на различни иновативни или интервентни форми за социјална заштита

 

Основни социјални ризици, на кои најчесто се изложени граѓаните се следниве:

 

– Ризици по здравјето (болест, повреда и инвалидност);

– Ризици од стареење (старост и преживување);

– Ризици по мајчинство и семејство;

– Ризици од невработеност

– Ризици од неинформираност

– Ризици од неадаптираност  кон социјалната средина.

 

Активностите на општина Берово во областа на социјалната заштита ќе бидат насочени кон поттикнување, поддржување и помагање за остварување на целите на оваа Програма и тоа:

  • Помош на семејства што имаат лице со хендикеп
  • Згрижување во дневен центар со продолжен престој на лица со телесна или ментална попреченост
  • Интегрирање во општеството на лица со телесна или ментална попреченост
  • Информирање за начини на вработување на лица со телесна или ментална попреченост
  • Анимирање на институциите кон подигање на свеста за лица со телесна или ментална попреченост
  • Активирање на лица со телесна или ментална попреченост во различни видови дневни работилници
  • Активирање на лица со телесна или ментална попреченост во различни видови спортски настани
  • Обезбедување на социјални пакети на семејства со социјални проблеми и на ромски семејства
  • Обезбедување на школски прибор на почетокот од учебната година на деца со воспитно-социјални проблеми, деца од многу детни семејства
  • Доделување на новогодишни пакетчиња на деца со воспитно-социјални проблеми, деца од многу детни семејства
  • Обезбедување на парични средства за првородено дете во 2020 година, на територијата на Општина Берово
  • Обезбедување на финансиска помош, како еднократна финансиска помош на лица изложени на социјален ризик, социјано загрозени ученици, лица со ниски примања, лица неспособни за работа, болни лица, лица со телесна попреченост, хендикепирани лица, самохрани родители, семејства настрадани од елементарни непогоди, месни заедници и Здруженија на граѓани и слично.
  • Субвенционирање на 10 кубни метри вода(секој месец)
  • Мотивирање кај одличните ученици, истакнати студенти и наставен кадар по општинските училишта
  • Згрижување на лица во ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”
  • Обезбедување на интерактивен културно забавен живот на стари и изнемоштени лица со дневен престој на стари лица во ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, сервисни услуги за грижа на стари и изнемоштени лица во домашни услови
  • Мобилни различни видови социјални и здравствени услуги за старите лица во градот и руралните средини
  • Превентивно делување (во соработка со педагошко-психолошка служба во училиштата), детекција, советување, работилници
  • Превенција од социјален ризик и подигање на јавната свест, работа со поединци и семејства во социјален ризик, јакнење на соработката на институциите на локално ниво
Горе