На 5 и 6 ноември во Скопје, се одржа Третата регионална работилница за соработка во Западен Балкан на тема „Од практично управување, со дестинации до регионална туристичка соработка“ (The 3rd Western Balkans Regional Cooperation Workshop on Sustainable Tourism).

Настанот е организиран во успешна соработка со Министерството за култура и туризам и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).
На конференцијата учествуваат претставници од ресорните министерства и туристички развојни дестинации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Македонија.
Општина Берово на овој значаен настан беше претставена од Градоначалникот и раководителот на одделението за локален економски развој (ЛЕР).

Во рамки на главната програма, раководителот на ЛЕР имаше свое излагање и успешна презентација за Берово, каде беа споделени наодите од досегашните проценки, практичните лекции и идните чекори за нашата општина.
„Развојот на одржливиот туризам во Берово не е само стратегија, туку наша заложба за заштита на природното богатство и континуиран економски напредок на локалната заедница. Нашето искуство покажува дека со правилно управување, Берово може да биде лидер во регионот.“ – истакна раководителот на ЛЕР, Ѓорѓи Пеовски, во своето обраќање.
Оваа работилница е одлична можност за размена на искуства со меѓународни експерти (вклучувајќи ги и претставниците од GSTC) и колеги од целиот регион за тоа како да ги поврземе нашите природни богатства и да изградиме силни регионални модели на соработка.
Продолжуваме да работиме посветено на промоција и развој на туристичките потенцијали на Берово!



