Основни училишта

ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

ООУ,, Дедо Иљо Малешевски“  е сместено во централниот дел на градот Берово. Според некои информации училиштето за прв пат вратите за писменост ги отворило во 1953 година како четиригодишно училиште, а од 1956 година преминало во основно осумгодишно училиште. Во текот на своето долгогодишно работење низ клупите на ова училиште поминале голем број на генерации, кои денес се гордост на општина Берово, но и на нашата држава.

Наставата се изведува на македонски јазик. Во учебната 2020/21 година има вкупно 700 ученици кои настава следат во централното училиште во Берово и во подрачните училишта во Будинарци, Митрашинци и Двориште каде што изучуваат  ученици од прво до деветто одделение, а во подрачните училишта во Ратево, Владимирово и Смојмирово наставата се реализира од прво до петто одделение. По завршувањето учениците своето образование го продолжуваат во Берово. Во училиштето вкупно има 106 вработени од кои 82 се наставен кадар, а останатите се стручни соработници и административно-технички персонал.

Директор или орган на раководење  на училиштето од 2013 година до денес е м-р Наташа Аврамска, орган на управување е Училишниот одбор, кој има 7 членови а претседател е Горан Руменовски.

Благодарение на трудот и на несебичното залагање на сите вработени постојано училиштето се стреми кон остварување на својата мисија и визија. Училиштето има современа, модерна, ефикасна и квалитетна настава, што се реализира во безбедна и позитивна училишна клима, при што на секој ученик без разлика на националниот состав му се дава можност да ги развива своите способности, од што полза ќе има самиот ученик, родител, локалната и општествената средина.

Училишната зграда има современи услови за работа, постојано се реновира и одржува и се набавуваат најсовремени нагледни средства и помагала со цел училиштето да биде пријатно место за престој на учениците и вработените.

Се реализираат голем број на проекти од државата, а  училиштето соработува и со училишта од Европа. Подобрените услови за работа и квалитетниот кадар увозможуваат да се постигнуваат високи резултати на кои сите сме горди.

Бројните дипломи, награди и признанија го красат училиштето и го прават едно од најуспешните во државата.

ОУ „Никола Петров – Русински“

Училиштето  ,,Никола Петров – Русински” е лоцирано е во центарот на с. Русиново. Го посетуваат ученици исклучиво од с. Русиново.

Според некои податоцисе наведува дека училиштето постоело  и работело уште во втората половина на минатиот и првата половина на овој век. По ослободувањето, како четиригодишо училиштето започало да работи во месец ноември 1944 година. Во првата година биле запишани 302 ученика. Во наредните три години , тоа прераснува во седумгодишно под името ,,Даме Груев”, а од 1974 година училиштето станува осумгодишно под денешното име. Новата училишна зграда била подигната 1947 година на два ката, со 12 училници, фискултурна сала, како и кујна со трпезарија.

Голем е бројот на учениците кои овде го завршиле основното образование и продолжиле да се школуваат на разни степени образование. Некои од нив денес се лекари, инжинери, професори и др. а има и 4 магистри и 6 доктори на науки.

Училишната бибилиотека располага со книжен фонд од околу 7802 книги. Се настојува да се осовремени наставата со сопствена грижа, но бидејќи училиштето се уште не располага со доволно современи нагледни средства, тоа треба што поскоро да се снабди со нив.

Воннаставните активности се одвиваат преку работата на секциите, преку кои се постигнати солидни резултати. Од нив најзабележителни се: литературната, музичката, играорната и спортската, која е најмасовна по број на ученици. Преку Подмладокот на Црвениот крст во училиштето се организираат бројни хуманитерни акции. За одбележување е акцијата за давање помош на гладните и настраданите деца од војната во Виетнам, а за таа акција е добиена сребрена плакета од Фондот за национално ослободување на Виетнам.

 

Училиштето и учениците редовно учествуваат на натпреварите на општинско, регионално и републичко ниво и постигнале видни резултати.

Самоевалуација ООУ Никола Петров Русински 2021

Горе