Category: Новости

Во понеделник 13.7.2026 година, со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи 14-тата седница на Совет на Општина Берово

Советот на Општина Берово на ден 13.07.2026 година (понеделник),  со почеток во 08:00 часот, ќе ја одржи 14-та (четиринаесетата) седница на Совет,  со следниот:                                                Д н е в е н   р е д:   Записник од 13-та седница на Совет на Општина Берово; Предлог О Д Л У К А за покренување иницијатива за [...]

Децата од с.Двориште и с.Будинарци добиваат нови детски игралишта, со реквизити

Најмладите жители на селата Двориште и Будинарци, добија свое мало царство на играта – место каде секоја лулашка, лизгалка и насмевка, ќе раскажуваат нови приказни за посреќно детство. Во завршна фаза, е  реализација на проектот за изградба на нови детски игралишта, со реквизити, како современи, безбедни и функционални простори, каде децата ќе можат безгрижно да [...]

Одржана работна средба со локалната бизнис заедница во Општина Берово

Во организација на Општина Берово, денеска се одржа работна средба со претставници на локалната бизнис заедница, со цел воспоставување континуиран дијалог помеѓу локалната самоуправа и деловниот сектор и заедничко креирање на мерки за подобрување на деловната клима во општината. На средбата присуствуваа гпретставници на компании и деловни субјекти, кои покажаа исклучителен интерес, активно да се [...]

Во Берово одржан регионален форум за одржливо управување со биоотпадот

Во Општина Берово, денеска се одржа Регионален форум посветен на одржливо управување со биоотпадот, на кој учествуваа претставници на институции, општини, јавни претпријатија, граѓански организации и експерти од Источниот плански регион. Обраќање имаше градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој истакна дека правилното управување со биоотпадот претставува можност за намалување на загадувањето, заштита на природните [...]

Покана за Регионален форум за одржлив третман на биоотпадот

Општина Берово ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на Регионалниот форум на Источниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, кој ќе се одржи на ден 6.7.2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Берово, а кој се организира во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со [...]

Општина Берово учествуваше на консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински,  денеска во Кавадарци, учествуваше на консултативен настан, посветен на унапредувањето на меѓуопштинската соработка и предложените измени и дополнувања на Законот за меѓуопштинска соработка. На настанот, на кој присуствуваа градоначалници, претставници на општините и релевантни институции, беа разгледани предложените законски решенија кои имаат за цел да овозможат поефикасна соработка меѓу [...]

Општина Берово организира работна средба со локалната бизнис заедница

Општина Берово ги поканува претставниците на локалната бизнис заедница на работна средба, која ќе се одржи на 07 јули 2026 година (вторник), во Големата сала на Општина Берово. Средбата има за цел, воспоставување конструктивен дијалог помеѓу локалната самоуправа и деловниот сектор, размена на мислења, идеи и предлози, како и идентификување на можностите за подобрување на [...]

Општина Берово учествува на регионална конференција за прекугранична соработка

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со делегација од општинската администрација, денеска учествуваат на Втората регионална консултативна конференција во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg ИПА Бугарија – Северна Македонија, која се одржува во Струмица. Конференцијата претставува значаен стратешки настан во процесот на подготовка на новата програма за програмскиот период 2028–2034 година и [...]

ЈАВЕН ОГЛАС 02/2026 за вработување  на  определено работно време  во Територијалната противпожарна единица во Општина Берово- 2 извршители

Врз основа на член 20-г став 1 и член 21 а во врска со член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016,35/2018, 198/2018 и Службен весник на РСМ бр. 143/2019, 14/2020 и 208/2024), член 22, член 23, [...]

Започна изградбата на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово

Општина Берово започна со реализација на проект за изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“, во делот кај „Старо Берово“. Потпорниот ѕид се гради во должина од 25 метри и височина од 2 метри, со цел стабилизација на теренот, спречување на обрушување и заштита на коловозот и тротоарот, со што значително ќе се [...]
Горе