Членови на Совет

Висината на месечниот надомест на Претседателот на Совет на Општина Берово, изнесува 17.668,00 денари.

Висината на месечниот надомест на членовите во Советот на Општина Берово, изнесува 13.591,00 денари.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО

Марија Буровска е родена на14.10.1978година во Берово. Завршено високо образование на филолошкиот факултет во Скопје од 2002 година-Професор по француски јазик и книжевност. Работно искуство :• Наставник во ООУ „ Никола Петров Русински“-с.Русиново-Берово ( од 2003год.-2010 год.) • Наставник во ООУ„ Дедо Иљо Малешевски“- Берово ( од 20.1.2018год. до 2.9.2019 год. и од 2.9.2019 год. до  31.8.2020 год.• Наставник во ОСУ „ Ацо Русковски “-Берово од 10.9.2019-до  31.8.2020 год.• Наставник во ООУ„ Дедо Иљо Малешевски“- Берово ( од 1.9.2020 год. до денес 16.9.2021 год.

СОВЕТНИЦИ

Стево Суџуковиќ е роден на 25.03.1960 година во Берово. Дипломира во 1983година со звање Дипломиран професор по општонародна одбрана, а во 1984 година се вработува  во Општинскиот штаб за Територијална одбрана. Во 1987 година се вработува како професор по Одбрана и Заштита  во ООУ „Ацо Русковски“ Берово. Во периодот  од 2003-2006 година  е директор во ООУ „Ацо Русковски“ Берово. Моментално е на работно место  административен службеник во училиштето , во чии рамки ги извршува работите и работните задачи за остварување на заштита и спасување и ученички права.дел е од Државниот тим  во Државниот испитен центар за изработка на нова Концепција за спроведивање на матурски испити во Република Северна Македонија.

Славица Фурнаџиска е родена  на 29.09.1972  во Штип. Средно образование  завршува во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје. Дипломира на УКИМ Скопје    Технолошко-Металуршки факултет и се стекнува со звање Дипломиран Инженер технолог. дополнително положени педагошки испити при УКИМ за наставник по стручни предмети. Во периодот 2002 – 2009 година работи како Наставник по стручни предмети во текстилна струка во ООУ „Ацо Русковски“Берово. Од 2017 година е Директор на производство во АД. Алкалоид – Берово.

Владо Методиев е роден на 13.06.1950 година во Радовиш.

Основно и средно образование завршува во родното место, а високо образование добива на музичката академија во Скопје. Работи 7 години како професор по музичко образование во Радовиш, па потоа 16 години работи како комерцијалист – претставник на АД Алкалоид Берово  за Србија во времето на СФРЈ. Дв егодини е директор на текстилната фабрика Бекон Берово и 2 години е стечаен управник во истата. Од 1998 година формира своја фирма со 30тина работници, која понатаму прераснува  во компанија од околу 100тина вработени која е ден-денес функционира на доста високо ниво. Почитуван и ценет е меѓу граѓаните на Општина Берово.

Емилија Корчовска е родена на 22.06.1997 година во Штип. Основно образование  завршува во ,, Никола Петров Русински”  во родното с.Русиново,Берово, а средното образование го продолжува во СОУ,,Димитар Влахов’’ Струмица. Високо образование завршува при Универзитетот ,, Гоце Делчев’’ Штип.

Гоце Ружински е роден на 13.09.1985 година. Основно и средно образование завршува во Берово. Дипломира на Природно математички факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје и се стекнува со звање Дипломиран професор по математика.Способност за тимска работа, познавање на Англиски јазик,способност за брзо и ефикасно учење на нови техники и технологии, организациски вештини. Советник  е во Советот на Општина Берово во периодот 2017-2021година. Работи како професор по математика во ОСУ,,Ацо Русковски,, Берово.

Глигорчо Крстовски е роден на 07.02.1997 година во Берово. Има завршено средно стручно образование во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“ во Скопје, на смер Електротехничар а компјутерска техника и автоматика. Во моментот е студент на ФЕИТ, насока компјутерски технологии и инженерство. Поседува способност закомуникација и меѓусебно разбирање со припадници на различни социо-културни средини. Има изразен тимски дух, одговорност и искуство во вршење организациски, координативни и креативни работи и работни задачи.

Герасим Гриовски е роден на 28.09.1982 година во с.Будинарци,Берово. Основно и средно образование завршува во родното место. Менаџер е на Скопска пивара на територијата на Берово и  Пехчево и сопственик на ноќен клуб Калипсо Берово.

Петар Ружински е роден 1976 година.

Основно и средно образование завршил во Берово, а дипломира на правен факултет во Скопје.

Гарантирам дека како член на  Советот ќе бидам чувар на интересите на граѓаните, кои ќе се одликува со доблест и одлучност во борба за интересите на граѓанинот.

Ангела Здравковска е родена 20.06.1991 во Кочани.

Своето основно и средно образование го завршува во Берово. Во 2010 година е примена на Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје, каде ги завршува додипломските и постдипломските студии по право кои се студии со двојна диплома помеѓу Правниот факултет и Центарот за интернационални студии за интелектуална сопственост CEIPI, Стразбур, Франција. Во 2019 година го зема државниот правосуден испит. Како магистер по интелектуална сопственост своето прво работно искуство го заокружува во две Европски агенции во EUIPO Аликанте, Шпанија и EFSA во Парма, Италија. Продолжува во Македонија да работи како специјалист во заштита на брендови и нивно следење на е -пазарот.

Здравковска одлично ги владее англискиот и шпанскиот јазик а има познавања и од

француски и италијански јазик. Нејзино хоби се пеењето, патувањето, латиноамериканските и македонските фолклорни танци и читање. Голема пасија и е готвењето.Моментално работи самостојно во туризмот и им помага на фирмите во регистрација на нивните трговски марки.

Родена во Берово во 1989 год, со постојано место на живеење во с.Русиново. Средно образование завршува во Берово, а во 2012/2013 год., дипломира на униврзитетот “Гоце Делчев” во Штип,стекнувајќи се со диплома инжинер по информатика. Во 2015 год. На факултетот за Образовни науки исто така во Штип, се стекнува со  сертификат за стекната педагошко-психолошка и методска подготовка,за понатамошно вработување во образованието како наставник/професор по информатика. Во периодот од 2016 година до крајот на 2017 год,  е вработена како информатичар во АД “Македонска пошта” Подружница Штип како информатичар. Откако и престанува договорот на дело се враќа во родното Берово, каде од  2018 до февруари 2019 година работи во трговија како продавач.

За мене секој нов ден носи нови почетоци. Личност со одлична вештина во комуникацијата, упорна, доследна и подготвена за тимска работа, успевам во тоа што го имам како претходно поставена цел, за во 2021 година по волја на граѓаните да бидам  избрана за член на Советот на општина Берово. Како дел од советот подготвена сум да работам чесно и одговорно за граѓаните на општина Берово и населените места на општината, зошто граѓаните се тие што заслужуваат благодарност од  нас советниците.

Викторија Спенџарска Стеен

“Братство единство” 12, 2330 Берово, Македонија +38977558375 [email protected]

Македонка, родена е на 14.02.1990 година .

Работно искуство

  • Општина Берово, како Ко-модератор за програмата “Форуми во заедницата“
  • Црвен Крст Берово како Практикант
  • Проектен менџер, лидер на волонтери
  • Волонтерски Центар Скопје
  • Учество на интернационални проект
  • Женска Граѓанска Иницијатива – АНТИКО
  • Организирање на проектот “Школо за мултикултура”, канцелариска работа

Има завршено Мастер студии и се стекна со звање Мастер по Филолофија, Англиски Јазик

Универзитет “Гоце Делчев” – Штип- додипломски студии на   Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје , Филолошки факултет “Блаже Конески”,  каде што се стекна со звање Преведувач и толкувач од Албански на Македонски јазик и обратно.

 Други способности и вештини

  • Разбира, чита и пишува англиски јазик
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини стекнати преку активности во НВО секторот
  • Наклонетост кон тимска работа
  • Организираност и ефективно вршење на работните задачи
  • Брзо адаптирање кон работната средина
  • Одговорност и лојалност
  • Стекнати за време на мојот ЕВС ангажман за организирање на фестивалот “Калимера Дора” во Кипар,
  • Организирање на втората фаза од проектот “Нашиот Свет – Мисли, Вклучи се, Придонесувај”
  • Microsoft Office

Word, Excel, Power Point, Photoshop, Lightroom, InDesign, Аматерска фотографија

ВИОЛЕТА  МАРКОВСКА – ДИМОВСКА

Родена во Берово на 13 Јули 1977 година.Основно и средно образование завршив во Берово.Во 2001 година дипломирав на Филизофскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на факултетот за Одбрана.Магистрирав на МСУ  “Гаврило Романович Державин” на правниот факултет и се стекнав со звање магистер на правни науки-отсек Административно право и јавна администрација.Вработена сум во Управата за водење на матични книги како раководител на Подрачна канцеларија Берово.Мажена  и мајка на две деца.

“Како советник во Советот на општина Берово ќе се залагам нашата општина да го врати својот сјај преку подршка на  проекти кои се од суштинско значење за сите граѓани на општина Берово.”

Дејан Механџиски, роден 01.05.1994 година во Берово. Првите школски и образовни чекори ги прави во родното Берово.Подоцна се стекнува со титула дипломиран Детектив во оддел Криминалистика при Факултетот за детективи и криминалистика во Скопје.  Активен волонтер во Црвен Крст.  Се здобива со големо животно искуство работејќи надвор од Македонија, одговорен, тимски адаптибилен, подготвен стекнатото знаење и досегашното професионално животно искуство да го искористи со активно учество и реализација на проектите,идеите и плановите предвидени во програмата за Општина Берово. Познавач на англиски јазик, како и владеење на германски јазик, прв степен.

Александар Мишовски е роден на 26.01.1989 година во Скопје.

Основно и средно образование завршил во родното место, а Факултет за физичко образование спорт и здравје, завршува на Универзитетото Св, ,,Кирил и Методиј”,  во Скопје.

Работи во Макпетрол АД , во периодот од 2012 до 2021, а од 2021 година е наставник по Физичко образование  во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.

Уште како млад е доста активен во спортскиот живот во Берово, учествувајќи како активен член, фудбалер на ОФК Малеш .

Како советник во советот на Општина Берово, сакам да се залагам за подобрување на општествените состојби особено за младите и обезбедување на услови за спорт и рекреација и правилно поминување на слободното време.

Советничка група на коалицијата предводена од СДСМ

1.Jован Mатеничарски

2.Славица Фурнаџиска

3.Гоце Ружински

4.Даниела Кржовска

5.Горан Фидански

6.Јован Ковачовски

7.Александар Чамовски

8.Јованка Василевска-Петрушева

9.Герасим Гриовски

Советничка група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

10.Предраг Монев

11.Драган Мустачки

12.Емилија Пачемска

13.Габриела Чучурска

14.Благица Русковска

15.Фахрудин Мустафов

  1. Предраг Монев
  2. Антонио Двојаковски
  3. Влатко Вакански
  4. Дамјан Црвенковски
  5. Виолета Марковска Димовска
  6. Јасмина Димовска
  7. Митко Кржовски
  8. Гоце Ружински
  9. Благица Русковска
  10. Златко Скендерски
  11. Дејан Пачемски
  12. Биљана Марковска
  13. Јован Матеничарски
  14. Сунчица Цонкинска
  15. Звонко Миовски

Во текот на мандатот советникот Предраг Монев е заменет со советникот Зоран Мазновски.

Во текот на мандатот советникот Влатко Вакански е заменет со советничката Јулијана Ужевска.

  1. Емилија Шуманска
  2. Славчо Буровски
  3. Зоран Мазновски
  4. Лилјана Полевска
  5. Љупка Дупкарска
  6. Владо Клинчарски
  7. Ванчо Ременски
  8. Горан Буровски
  9. Ванчо Брашнарски
  10. Љупчо Русковски
  11. Јагода Шахпаска
  12. Илија РУнтевски
  13. Јован Матеничарски
  14. Драги Белчовски
  15. Славчо Аждерски
  1. Лидија Догазанска- претседател
  2. Биљана Каширска
  3. Љупка Дупкарска
  4. Даниела Корчовска
  5. Бранка Шишовска
  6. Бранко Ужевски
  7. Ванчо Ременски
  8. Стојан Гаштеовски
  9. Љупчо Фурнаџиски
  10. Љупчо Димитровски
  11. Марјан Соколчевски
  12. Зоран Аговски
  13. Горан Буровски
  14. Владо Нешовски
  15. Тодорчо Цикарски
Горе