Музеј на град Берово

Музејот на Берово е местото каде би требало да го почнете запознавањето со Берово.Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Исто така значајно е што во неа било отворено првото народно училиште, а бил формиран и првиот НОО за Берово.Во конципирањето на музејот ни помогнаа наши признаени национални експерти од областа на историјата и етнологијата, кои успејаа да направат спој меѓу елементите од постоечката музејска поставка во манастирскиот комплекс св.Архангел Михаил и нови елементи и експонати.  Историскатите  поставки, кои се сместени на приземјето на музејот, се состојат од документи и предмети кои што говорат за историјата на Малешевскиот народ од времето на Дедо Иљо Малешевски, Никола Петров Русински, Димитар Поп Георгиев Беровски, Разловечкото востание, развојот на Малешевијата помеѓу двете Светски војни и развојот на Малешевијата по Втората светска војна.

Горе