Category: Новости

По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети децата во детската градинка ,,23 Август” , во Берово

По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски, денеска, ги посети децата во детската градинка  ,,23 Август” , во Берово. Најубавото нешто што се случува во животот, е среќното детство. Весели детски лица, од детската градинка ,,23 Август” во Берово, го пречекаа и со многу насмевки на лицата и безгрижен детски жагор,  покажаа што знаат [...]

Општина Берово објавува повик за јавна набавка во рамки на РОМАКТЕД 2 ПРОГРАМАТА за реконструкција на 2 училници и канализациона мрежа во просториите на училиштето

Општина Берово објавува повик за јавна набавка во рамки на РОМАКТЕД 2 ПРОГРАМАТА  за реконструкција на 2 училници и канализациона мрежа во просториите на училиштето Јавниот повик, согласно правилата на програмата и Совет на Европа е објавен на англиски јазик и можете да го превземетеТУКА .  Целокупната документација, можете да ја превземете од архива на [...]

Започна реконструкцијата на улица ,,Белградска” во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година, се реконструира улица ,,Белградска”,  во Берово. Извршена е реконструкција на крак, во должина од 358 метри и широчина од 4 метри и поплочена е со бехатон плочки,  поставени се бехатонски рабници и одвод за атмосферска вода, [...]

По повод интернационалниот ден на стари лица, Градоначалникот на Општина Берово ги посети корисниците во домот за стари лица д-р. Иван Влашки

Градоначалникот Пекевски, по повод интернационалниот ден на стари лица ги посети корисниците, во ОЈУСЗСЛ д-р. Иван Влашки . Посакувајќи им  добро здравје и меѓусебно разбирање и убаво поминати денови, во установата и подарувајќи им пригодни подароци, им го честита денот и им посака долг и среќен живот, и убаво поминати денови. Истакна дека  Општина Берово, [...]

ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

Денеска,  во ОСУ,,Ацо Русковски" во Берово, се одбележува патрониот празник и 70 години постоење средно образование во Берово. Пред бистата на Ацо Русковски, во училишниот двор, цвеќе положија Делегација од општина Берово, Делегација од Општина Пехчево и Делегација од ОСУ,,Ацо Русковски", предводена од Директорката, Душанка Паговска. Во рамките на културно уметничката програма, присутните имаа можност [...]

Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Пекевски, во работна посета на Република Совенија

Градоначалникот Пекевски, заедно со претставници од ТППЕ  Берово,  деновиве е во работна посета на Република Словенија, каде што оствариа средба со Градоначалникот на општина Нова Горица,  Samo Turel. Разговараа за можностите за соработка во делот на туризам, прекугранична соработка, противпожарна заштита и заштита на животна средина. Исто така, на  покана на доброволно противпожарно друштво ,,Нова [...]

Одржана информативна донаторска средба со РРОМА и коалициските организации КХЕТАНЕ

Во рамките на активностите за подобрување на животот на граѓаните  од ромската заедница, вчера,  организацијата РРОМА во име и на коалициските организации КХЕТАНЕ, одржаа информативна донаторска средба, со граданочалникот на Општина Берово, г-дин Звонко Пекевски. Информативната средба е одржана,во  рамките на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа [...]

Претставници од Западен Балкан во посета на ТППЕ Берово

Регионалниот Центар за Следење на Шумски Пожари, во периодот од 18-ти до 22-ри септември 2023 година,  одржува работилница за изградба на капацитети за мониторирање на пожари  во Берово. Работилницата се одржува во склоп на проектот "Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан" финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency [...]

Извештај и ранг листа по јавен повик за членови на управен одбор на ЈПКР ,,Услуга” – Берово

Во врска со објавениот Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на управен одбор во ЈПКУ ,,Услуга" - Берово, согласно позитивните законски прописи, ги објауваме Извештајот и ранг листата по јавен повик за избор на членови на управен одбор на ЈПКР ,,Услуга" - Берово: Извештај на Комисија за селекција Ранг листа

КОНКУРС БР. 01/2023 За доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово

Врз основа на Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово бр. 09-2371/1 од 29.07.2020 година и Програмата за социјална заштита бр.09-4010/1 од 15.11.2022 година  , Општина Берово, на ден 07.09.2023, распишува :   КОНКУРС БР. 01/2023 За доделување на месечна стипендија на [...]
Горе