Градоначалникот на Општина Берово, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја посетија пречистителната станица за отпадни води, во село Мачево.

За време на посетата, беше извршен увид во работата на станицата, при што беа разгледани технолошките процеси за третман на отпадните води и нивното значење за зачувување на квалитетот на водните ресурси и заштитата на животната средина во Малешевскиот регион.

Беше потенцирана важноста од континуирано инвестирање во современа комунална инфраструктура и унапредување на системите за заштита на животната средина, кои придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните
Во рамки на посетата, беше истакната подготвеноста за продолжување на соработката помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Берово, со цел реализација на идни проекти од областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.
