Започна изградбата на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово

Општина Берово започна со реализација на проект за изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“, во делот кај „Старо Берово“.

Потпорниот ѕид се гради во должина од 25 метри и височина од 2 метри, со цел стабилизација на теренот, спречување на обрушување и заштита на коловозот и тротоарот, со што значително ќе се подобри безбедноста на оваа локација.

Во рамки на проектот предвидена е и изградба на тротоар на дел од улицата, што ќе овозможи побезбедно и поквалитетно движење на пешаците.

Вкупната вредност на проектот изнесува 811.623 денари. Од нив, 705.874 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, додека 105.749 денари се средства обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2026 година.

Со реализацијата на овој проект, ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, ќе се заштити постојната инфраструктура и ќе се создадат подобри услови за движење на граѓаните.

Општина Берово продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Горе