Во рамки на своите активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, Локалниот совет за превенција – Берово изготви информативен флаер со препораки за безбедно користење на земјоделската механизација на јавните патишта.

Целта на оваа активност е да се поттикне поголема одговорност кај возачите на земјоделска механизација, да се намалат ризиците од сообраќајни незгоди и да се придонесе кон поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Со почетокот на земјоделските активности и зголеменото присуство на трактори и друга земјоделска механизација на патиштата, особено е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заштита на сите учесници во сообраќајот.
Ги повикуваме земјоделците и другите учесници во сообраќајот да се запознаат со препораките содржани во флаерот и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта и зачувување на човечките животи.
