Утре 18.06.2026 година (четврток ), ќе се одржи 13-та (тринаесеттата) седница на Советот на Општина Берово , која ќе се одржи во салата за состаноци на Општина Берово на ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово, со почеток во 08:00 часот со следниот:
Д н е в е н р е д:
- Записник од 11-та седница на Совет на Општина Берово;
- Записник од 12-та седница на Совет на Општина Берово;
- Годишен план за вработување на Општина Берово за 2027 година
- Предлог З А К Л У Ч О К за усвојување на К1 – Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Берово за извештајниот период од 01.01.2025 – 31.12.2025 година (четврт квартал – кумулативно);
- Предлог О Д Л У К А за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Берово за учебната 2026/2027 година;
- О Д Л У К А за дополнување на Одлуката за формирање на Локален совет за превенција;
- Предлог О Д Л У К А за давање на овластување на Градоначалникот на општина Берово за давање на времено користење, без надомест, на основни средства и ситен инвентар;
- Предлог Одлука за трансфер на средства од Општина Берово на сметка за самофинансирачки активности на ОСУ “Ацо Русковски” Берово, по спроведена е-аукција за продажба на движни ствари – железен и алуминиумски отпадeн материјал, сопственост на ОСУ “Ацо Русковски” Берово;
- О Д Л У К А за пренесување на вредност на ОЈУСЗСЛ “Д-р Иван Влашки” Берово реконструкција и адаптација на ламела IV (четири)
- Годишен План за вработување на ООУ “Никола Петров Русински” с.Русиново, Берово за 2027 година;
- Тримесечен финансиски извештај за работа на ЈПКР “Услуга” Берово за 2026 година;
- О Д Л У К А За утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемот МАЛЕШЕВИЈАТА НА ДЛАНКА и за ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ 2026 година;
- Кумулативен извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на културата во 2026 година
- Кумулативен извештај за реализираните активности и исплатени средства од програмата на развој на спортот и спортско рекреативните активности на Општина Берово за 2026 година
- Кумулативен извештај за реализација на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја на Општина Берово за 2026 година
- Кумулативен извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита за 2026 година
- Кумулативен извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Берово од областа на образованието за 2026 година
- Кумулативен извештај за реализација на Програма за еднакви можности меѓу мажите и жените на општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Г1 Програмата за подршка на локален економски развој за 2026 година
- Прв квартален извештај за Г2 Програмата за потикнување на развојот на туризамот за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програмата за енергетска ефикасност на општина Берово за 2026 година
- Измена на Извештај-Елаборат за проценета штета од елементарна непогода-град
- ПРЕДЛОГ Измена и допoлнување на Програмата за Комунални дејности на Општина Берово за 2026 год.
- Прв квартален извештај за Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување на Општина Берово за 2026 година.
- Прв квартален извештај за Програма за изградба, доизградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Берово за 2026 година.
- Прв квартален извештај за Програма за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2026 година.
- Прв квартален извештај за Програма за заштита од штетно дејство на водите на општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програма за општите мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за третман на бездомни и улични кучиња на подрачјето на Општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програма за Комунални дејности на подрачјето на Општина Берово за 2026 година.
- Прв квартален извештај за Програма за одржување на општински патишта и улици во општина Берово за 2026 година
- Прв квартален извештај за Програма за заштита и спасување во општина Берово за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски’’Берово за 2027 година
- Годишен план за вработување на ОСУ,,Ацо Русковски’’Берово за 2027 година
- ПРАВИЛНИК за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на Општина Берово за субвенционирање на граѓани од подрачјето на Општина Берово кои набавиле енерегетско ефикасни грејни тела (инвертор клими и топлински пумпи)
- Одлука за почеток на изработка на УП со намена Е1.13 до 1 MW на КП 645 и др. КО Владимирово – ОПШТИНА БЕРОВО Прецистителна станица;
- Одлука за почеток на изработка на УП со намена А4 – Времено сместување на КП 7379 КО Берово в.г. – ЈОВАН РАБАЏИСКИ Берово;
- Одлука за почеток на изработка на УП за ГП со намена селски туризам на КП 15473 и 15494 КО Владимирово – ВАНЧО ПОП-ПЕТРОВСКИ Скопје;
- Советнички иницијативи и прашања;
- Барања од институции и граѓани.
