➡️ Бесплатен Wi-Fi достапен во Општина Берово

Граѓаните и посетителите, на Општина Берово,  можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:

📍 Градски плоштад ,,Димитар Беровски”

Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан.

Нашата општина,  ќе биде една од петстотините во регионот, кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.

Сите граѓани и посетители, можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.

Со оваа поддршка, Општина Берово продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

Горе