БЕРОВО ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНИОТ РЕЛИ-РАИД НАТПРЕВАР B-RAID 2027

Берово ќе биде домаќин на меѓународниот рели-раид натпревар B-RAID 2027, кој официјално е вклучен во Календарот на Европската мотоциклистичка федерација (FIM Europe), за 2027 година.

Натпреварот ќе се одржи во периодот од 6 до 13 септември 2027 година, на територијата на  Македонија и Косово, со стартна локација во Берово и предвидена траса во должина од 1.640 километри.

Настанот ќе обедини натпреварувачи од повеќе земји, во различни натпреварувачки категории, носејќи врвни спортски предизвици, меѓународна промоција и можности за афирмација на Берово, како атрактивна дестинација за спортски и авантуристички туризам.

Повеќе информации за натпреварот, програмата и учеството може да најдете на следниот ЛИНК

Вклучувањето на B-RAID 2027, во официјалниот календар на FIM Europe претставува значајна можност за меѓународна промоција на Берово, Малешевијата и нашите природни потенцијали.

Горе