Општина Берово ги известува сите заинтересирани граѓански организации дека, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), продолжува реализацијата на менторските сесии наменети за поддршка при подготовката на предлог-проектите.
Во таа насока, ги покануваме сите заинтересирани граѓански организации да земат учество на четвртата менторска сесија, која ќе се одржи на 27.11.2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во Салата на Советот на Општина Берово.
Тема на сесијата:
„План на активности (ЛОТ 1, 2 и 3), видливост и промоција“
Преку оваа менторска сесија, учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите проектни предлози, со посебен акцент на планирањето на активностите, како и на видливоста и промоцијата на проектните иницијативи.
Вашето присуство и активно учество се од особено значење за квалитетна подготовка на проектните предлози и нивна успешна реализација.
