Започна реконструкцијата на кровната конструкција во подрачно училиште во с. Митрашинци
Во рамките на активностите на Општина Берово , за подобрување на условите за учење, неодамна, започна реконструкција на дел од кровната конструкција во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски", пу. с. Митрашинци. Се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование, после што ќе се пристапи кон целосна [...]
ТППЕ , врши дезинфекција на улиците во Берово
Во рамките на активностите на општина Берово, за заштита на населението од КОВИД 19, ТППЕ врши дезинфекција на улиците во Берово. Овие активности, миењето на улиците, урбаната опрема и јавните површини, станаа секојдневна работа, како на комуналните служби, така и на вработените во ТППЕ во Берово, со цел жителите да се чувствуваат безбедно. Во изминатиов [...]
Штедливи светилки низ улиците во Берово
Во рамките на Програмата за енергетска ефикасност, започна замената на градското осветлување во Берово. Имено, старите улични светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки, кои во значителна мера, ќе допринесат за заштеда на енергија. Промената започна на ул.,,Маршал Тито" на потегот од кружниот тек, до полициската станица, а ќе продолжи на ул.,,Партизанска". Со реализација [...]
СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ- Учествувајте во донесувањето на одлуките на локално ниво
Се известуваат граѓаните на Општина Берово, дека во тек е подготовка на ПРЕДЛОГ Програмите за работа на општината во 2021 година, кои на седница на Совет ќе бидат дадени за усвојување, на почетокот на месец декември. Заради настанатата состојба со пандемијата од КОВИД 19, во цела држава, па и кај нас, оваа година нема да [...]
Етно Плоштад Фестивал во Берово – Фестивал кој не треба да го пропуштите
Во пресрет на големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“ - Голема Богородица (28ми Август), Берово секоја година во последниот викенд од месец Август е жариште на културниот бран во Берово, кој ги обедини сите, кои уживаат во мелоритмот на етно музиката, вклопени во еден од најголемите фестивали на отворено во Македонија и пошироко - [...]
Прослава на големиот хриситијански празник ВЕЛИГДЕН
Традицијата на прославата на еден од најголемите Христијански празници „Велигден“, Општина Берово, секоја година се одбележува со организација на голема Велигденска прослава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово. Најголемо внимание на прославата привлекуваат изборот на најубаво декорирано јајце и изборот на најцврсто Велигденско јајце, кои од Буџетот на општина Берово, добиваат пригодна парична награда. Неизоставен [...]
КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци” с. Ратево 20 Јануари- св. Јован
Длабоко во пазувите на Малешевските Планини, во срцето на Малешево, чука духот на традицијата, чука духот на предците... КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци” е отсликување на традиција, која е стара 600 години и за која маските се подготвуваат во текот на цела година. Со страшни маски против злите души, со црни прсти против страшни болести, со силен [...]
Владимерски илинденски средби с. Владимирово 2 Август ,,Илинден”
Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте”, во беровското село Владимирово, секоја година, за празникот ИЛИНДЕН, се одржуваат ,,Владимерски илинденски средби”, под организација на истоименото здружение . Низ многу песни и ора, со зурли и тапани и богата културно уметничка програма, деновите околу Илинден, с Владимирово е центар на културните [...]
Трујчинденски русински средби св.Тројца
За празникот св. Тројца, во с. Русиново се одржуваат ,,Трујчинденски русински средби” , кога с. Русиново е преполно со народ а на сред село, на делеку се слушаат зурлите и тапаните. Многу народ, се собира во центарот на с. Русиново, кога жителите, но и многу гости, традиционално го слават големиот празник ,,Света Троица”. Од пред [...]