АСФАЛТИРАНА УЛИЦА „29 НОЕМВРИ“ ВО БЕРОВО
Општина Берово продолжува со реализација на активности за унапредување и модернизација на локалната патна инфраструктура. Во рамки на Програмата за реконструкција на локални патишта и улици за 2026 година, успешно завршија градежните работи за асфалтирање на улицата „29 Ноември“ во Берово, во должина од околу 100 метри. За реализација на проектот, од Буџетот на Општина [...]
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛСКО-ПЕШАЧКА ПАТЕКА СО ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ И УРБАНА ОПРЕМА ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА БЕРОВО
Општина Берово започнува со реализација на проектот за изградба на колско-пешачка патека со партерно уредување и поставување урбана опрема на крак од улицата „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје во Берово. Со проектот е предвидено уредување на површина со должина од 40 метри и вкупна површина од 76 метри квадратни, со поставување на бехатон-плочки, со [...]
Реконструиран крак од улица „Први Мај“ во Берово
Во Општина Берово се реализира проектот „Реконструкција на крак од улица „Први Мај“, со кој се уредува и подобрува патната инфраструктура и условите за безбедно и непречено движење на жителите. Во рамки на проектот, извршено е целосно расчистување и пробивање на кракот, нивелирање и тампонирање на теренот, поставување на рабници, како и поплочување и уредување [...]
Реконструирана ул.,,Енгелсова” во Берово
Во рамките на активностите на Општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, нов асфалт доби улица .,,Енгелсова” во Берово. Реконструирана е улицата во должина од 230 метри, со широчина од 5 метри, поставени се ивичнаци од двете страни, решено е одводнувањето и обезбеден е простор за изградба на [...]
Заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово
Во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2024 година, преку Министерството за транспорт, заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово. Реконструирани се двата крака од улицата, во должина од 171 метар. Притоа отстранет е стариот и оштетен асфалт, извршено [...]
Во тек е реконструкција на улица ,,Козара”, крак 3, во Берово
Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, за 2025 година, во тек е реконструкцијата на ул ,,Козара”, крак 3, во Берово. Се поплочува крак од улицата, со бехатон плочки, во должина од 120 метри широчина 3 метри и во вкупна површина од околу 400 м2 . Оваа улица долги години наназад [...]
Започна реконструкцијата со партерно уредување на простор околу градски пазар во Берово
Ќе биде асфалтиран просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1000 метри квадратни , со пристапни скали и рампа. Со тоа Берово добива нов уреден простор и подобар пристап до градсиот пазар. Вложуваме во подобрување на инфраструктурата, во градот и населените места, за сите нас. Вредноста на инвестицијате е 2.125.907,00 денари [...]
Туристичка населба Беровско Езеро добива нова линија на улично осветлување- трета фаза
Привршуваат градежните активности за поставување на нова линија на улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро- 3 фаза. Поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри, од кои дел се поставени на патот кој води кон Клепало и дел околу тиристичките капацитети. Со реализацијата на овој проект, продолжуваме посветено да работиме за [...]
Започна изградбата на паркинг простор на улица ,,Партизанска” во Берово
Ќе се гради паркинг простор со бехатон плочки, во вкупна површина од 600 метри квадратни. Предвидено е поставување на ивичнаци и соодветно одводнување на предвидениот простор. Со тоа Берово добива нов паркинг простор за паркирање на 30 возила, обезбедувајќи уредено и безбедно место за паркирање. Во паркингот, согласно урбанистичкиот план и сообраќајните услови, ќе се [...]
Започна изградбата на два крака од улица ,,Јане Сандански “ во Берово
Во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2024 година, преку Министерството за транспорт, започна реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово. Ќе се реконструираат двата крака од улицата, во должина од 171 метар. Предвидено е отстранување на стариот и оштетен [...]
