Честитки од Градоначалникот на Општина Берово, за Курбан Бајрам

Честитки од Градоначалникот на Општина Берово, за Курбан Бајрам
На сите верници, од исламската вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам, со желби за добро здравје, мир и благосостојба, во сечиј дом.
Овој празник, нека биде потсетник, дека само со заеднички заложби и меѓусебно почитување, ќе успееме да ги негуваме позитивните вредности, што нe обединуваат и ќе имаме посветла и поперспективна иднина.
Нека овој празник, Ви донесе здравје, чисти мисли, да ја зголеми милоста, љубовта и заеднички и сплотено да создаваме дела, со кои ќе се гордеат идните генерации .
Честит Курбан Бајрам!
Горе