ПОКАНА на презентација на спортските достигнувања на фудбалската легенда Никица Клинчарски

Почитувани,
Со особена чест и задоволство,  Ве покануваме да бидете дел од презентацијата на врвните спортски достигнувања на нашиот сограѓанин Никица Клинчарски,  во музејот на град Берово, на ден 23.07.2021 година (петок), со почеток од 18:00 часот.
Посетителите ќе имаат можност, да видат многу фотографии, написи во печатените медиуми, дресови, книги, освоени медали, пехари, плакети и признанија во клубовите каде настапувал.
Изложбата ќе биде отворена до 25 јули.
Горе