Образование

ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, набави нова ИТ опрема за унапредување на наставниот процес

Наставата во второто полугодие во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, започна да се одвива со подобрени услови за настава за учениците и наставниот кадар, со набавката на 18 нови лаптоп компјутер, кои ги содржат сите потребни технички карактеристики за непречено одвивање на наставата. -Со задоволство можам да кажам дека деновиве е извршена набавка на нови [...]

Се уредува етнолошкото катче во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово

Во рамките на наставната содржина по ликовно образование, негувајќи ја македонската култура и традиција, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, континуирано ги надополнува содржините во етнолошкото катче. Етнолошкото катче, е проект, на кој се работи подолг период и ги содржи сите елементи, кои го отсликуваат стилот, на едно старо традиционално македонско семејство и на автентичен [...]

Се подобруваат условите за учење во подрачно училиште во с. Двориште

Во рамките на  активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење, привршуваат активностите за реконструкција на просториите на подрачното училиште  ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, во с. Дворипте. Стариот дотраен  под, е земенет со нелизгачки плочки, при што дополнително, исто така е извршено и бетонирање. Изврешено е белење на училниците со санација на ѕидовите, [...]

Хортикултурно уреден дворот во ООУ,,Никола Петров Русински”

Новите туи, ели, јасмини и цветни грмушки, ќе го красат дворот  во основното училиште во с. Русиново, кој  хортикултурно е уреден, по одобрена  апликација и изготвен проект, кој за потребите на општината, го изработи и донира, општествено одговорен граѓанин, д-р Ефтим Брндевски. Целта на оваа мерка, е намалување на аерозагадувањето, преку уредување на зелени површини, [...]

После долго време, подрачно училиште во с. Митрашинци, доби нов кров

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење, во склоп на проектите за енергетска ефикасност, реконструиран е дел од кровната конструкција во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски", подрачно училиште с. Митрашинци. Сменет е кровот на просторијата во која се одвива наставата по физичко образование, каде што во следниот период е предвидена [...]

Започна реконструкцијата на кровната конструкција во подрачно училиште во с. Митрашинци

Во рамките на активностите на Општина Берово , за подобрување на условите за учење, неодамна, започна реконструкција на дел од кровната конструкција во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски", пу. с. Митрашинци. Се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование, после што ќе се пристапи кон целосна [...]
Горе