Кандидатите за градоначалници во Берово, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
Кандидатите за градоначалници на Општина Берово, денеска, свечено, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Со потпишувањето, тие се обврзаа дека, ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење, како и дека ќе придонесуваат кон демократскиот развој на општеството. Во духот на заемна почит и толеранција, кандидатите си подадоа рака, како симболичен чин, [...]
Започна реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“ во село Русиново
Во рамки на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, за 2025 година, започна реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“, во с. Русиново. Проектот опфаќа санација на коловоз со должина од приближно 180 метри и широчина од 3 метри и одводнување на атмосферските води, со што ќе се обезбеди трајна заштита на коловозната површина и [...]
Во Берово ќе се градат пешачки патеки за унапредување на туризмот во регионот
Во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источно-планскиот регион“, започна реализација на нова инфраструктурна инвестиција во Берово, за унапредување на туризмот. Проектот опфаќа изградба на пешачка и велосипедска патека на две локации: Абланица – Беровско Езеро Регионалнен пат до Беровско Езеро, Заради безбеден пристап, на предвидена локација, предвидено е изведување на армирано-бетонски скали. [...]
Спектакуларно затворање на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во Берово
Со богата музичка програма и голема посетеност, вечерва во Берово беше затворено овогодинешното издание на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“. Изнинатите три дена, Берово се покажа како вистински добар домаќин, пречекувајќи над 10.000 посетители, во срцето на градот. Завршната вечер донесе вистински музички спектакл на плоштадот „Димитар Беровски“, кој [...]
Втора фестивалска вечер во Берово со „Малешевско ѕвонче“, Андријана Петеушовска и „Амадеус Бенд“
Втората вечер од ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ донесе богата програма исполнета со музика, детска радост и забава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово. Публиката најпрво уживаше во Фестивалот на детски песни „Малешевско ѕвонче“, кој традиционално ги обединува најмладите таленти од регионот и нуди сцена за нови музички надежи. [...]
Одлука за определување на местата и условите за истакнување на изборни плакати на територијата на Општина Берово
📢 Општина Берово ги известува граѓаните, политичките партии и учесниците во изборниот процес, дека во согласност со законските прописи и со цел обезбедување на фер, уреден и транспарентен изборен процес, Советот на Општина Берово донесе: Одлука за определување на местата и условите за истакнување на изборни плакати на територијата на Општина Берово Со оваа одлука [...]
Доделени благодарници на поединци и фирми, кои придонесуваат во развој на Берово
Во рамки на Свечената седница на Советот на Општина Берово, беа доделени благодарници, на поединци и фирми, кои придонесуваат кон развој и афирмација на Општина Берово: 1. За особено афирмирање во стопанството доделена е Благодарница на Пилана ТРИ РЕКИ“ , фирма со долга традиција 2. Благодарница на Горан Алачки за посебен придонес за развој на [...]
Берово го празнува 23 август, Денот на ослободувањето на градот
Со положување на свежо цвеќе, на споменикот на паднатите борци во НОВ, во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци, денеска, во Берово започна празнувањето на 23 август, Денот на ослободувањето на Берово. Делегации од политичкиот и јавниот живот, положија цвеќе и се поклонија пред спомен плочата, [...]
Реализирана превентивна активност на тема: „Паметно купување и безбедно возење – тротинети и мотори ‘‘
Вчера, во периодот од 18:30 до 19:30 часот, во с.Ратево - Општина Берово, од страна на ОВР Берово, во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, беше реализирана превентивна едукативна активност, : „Паметно купување и безбедно возење-тротинети и мотори“. Последниве години, расте бројот на моторциклисти и корисници на електрични тротинети во Македонија. Новиот начин [...]
Нова инвестиција во с. Ратево, приклучок на резервоар за вода до водоснабдителен систем
Во село Ратево започнува реализацијата на значаен инфраструктурен проект – приклучок на резервоарот за вода за пиење, со постојната водоводна мрежа. Со оваа инвестиција жителите на с. Ратево ќе добијат подобрен и сигурен пристап до квалитетна и безбедна вода за пиење, што претставува трајно решение на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето. Проектот е од особено значење [...]
