Во организација на Младинската организацијата РРОМА, во соработка со општина Берово, под мотото: „Живи идеи – ромска приказна во акција“, денеска во Берово, беше одбележан 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.
Присутните ги поздрави секретарот на Општина Берово, Анита Рунтевски, кој посака низ љубов и заедништо, да продолжиме да градиме едно општество за сите.
Свое обраќање и честитки по повод Денот на Ромите, упати и Претседателот на Совет на Општина Берово, Владко Шахпаски.
Во рамки Програмата, од страна на Општина Берово, беа доделени парични награди на учениците од ромска националност, кои во текот на учебната 2025/2026 година , постигнале најдобри резултати, на:

Присутниете имаа прилика, да гледаат кратко инспиративно видео, а во интерактивна работилница, работеа ученици и претставници на институциите.Исто така имаше и неколку презентации, преку креативни форми (театар, интервјуа, ТВ вести и др.).
Заедно градиме општество на почит, различност и заедништво.




