ЗЕГИН“ со поддршка за најранливите семејства во Берово и Малешевијата

Основачот на Компанијата„ЗЕГИН“, Благој Механџиски, со својата препознатлива грижа за заедницата и оваа година, по повод најголемиот христијански празник – Велигден, реализираше хуманитарна акција, преку која, во соработка со Општина Берово, обезбеди семеен празничен ручек за најранливите граѓани, од Берово и Малешевијата.
Со оваа иницијатива, компанијата придонесе кон достоинствен пречек на празникот и испрати силна порака за солидарност, хуманост и еднаквост, овозможувајќи на повеќе семејства, да ги почувствуваат радоста и топлината на Велигден.
Ваквите активности се потврда, за посветеноста на ,,ЗЕГИН”, кон градење похумано и поинклузивно општество, каде грижата за луѓето и заедништвото, се вистински вредности, што се негуваат во текот на целата година.
Хуманоста е најсилниот темел на едно здраво и сплотено општество. Во време на празници, кога се слават љубовта, надежта и заедништвото, особено е важно да покажеме грижа, за оние на кои им е најпотребна. Малите гестови на внимание и поддршка, создаваат големи промени и не потсетуваат дека вистинските вредности на празникот, се во споделувањето и во подадената рака кон другиот.
Заедно градиме похумано општество – затоа што секој заслужува достоинствен празник.
Горе