ПОКАНА за јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, Ве поканува на јавна дебата со наслов „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, која е дел од истоимениот проект, регрантиран во рамки на проектот „КOРДИAЛ: Создавање можности на регионално ниво за активности и законодавство за вклучување на лицата со попреченост“  финансиран од Европската Унија.

Јавната дебата ќе се оддржи на 28 април 2026 година (вторник),  со почеток од 12:00  часот во Големата сала на општинската зграда на општина Берово.

Проектот има за цел да ја подигне свеста на институциите, креаторите на политики, лицата со попреченост и нивните семејства за улогата и значењето на асистивната технологија (AT) како алатка за социјална инклузија.

Преку јавната дебата и практични демонстрации на асистивни уреди, асистивната технологија ќе се промовира како средство за остварување на основните човекови права – еднаков пристап до образование, услуги, информации и активно учество во заедницата. Дополнително, јавната дебата ќе отвори можност за отворен дијалог помеѓу претставници од различни институции, организации на и за лица со попреченост, лица со попреченост и нивните семејства. Додадена вредност на настанот е што учесниците ќе добијат можност практично да применат асистивен уред.

Настанот ќе биде дизајниран како отворена и интерактивна платформа за информирање, дијалог и практично запознавање со асистивната технологија.Учесниците на јавната дебатата освен што ќе имаат можност за се запознаат со асистивната технологија, ќе можат и активно да придонесат во креирање на конкретни препораки кои ќе бидат доставени до надлежните институции со цел подобрување на системот за  поефикасна примена на асистивната технологија.

Ве очекуваме на заедничка и конструктивна дискусија насочена кон системски решенија и унапредување на дигиталната инклузија.

Горе