Честит 8-ми април, Меѓународен ден на Ромите, на сите припадници на ромската етничка заедница

На сите припадници на ромската етничка заедница, им го честитамe 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите и им посакувамe добро здравје, среќа, успех и просперитет.
Денеска, по повод овој значаен ден, Градоначалникот Ружински оствари средба со претставници на ромската заедница, со кои заеднички го поставија ромското знаме, пред зградата на Општина Берово, како симбол на почит, еднаквост и соживот.
Како локална самоуправа, работиме на подобрување на квалитетот на живот на Ромите, преку конкретни мерки и поддршка во сите општествени сфери.
Посветени сме на градење општество, со еднакви можности за сите, со почитување на различностите и негување на заедништвото.
Со искрена почит, Ви го честитаме овој значаен ден и Ви посакувам мир, љубов и многу позитивна енергија.
Bahtalo 8 April!
Горе