Берово во празничен дух го одбележува Велигден

Со свечена програма, Берово го одбележа најголемиот христијански празник – Велигден, на градскиот плоштад, во присуство на голем број граѓани и гости.

Во рамките на настанот, посетителите имаа можност да уживаат во настапите на Оркестарот „Беровски тамбураши“ и Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“, кои со своите изведби придонесоа за прекрасна празнична атмосфера, исполнета со музика, игра и традиција.

Присутните ги поздрави и Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински,  кој упати празнична честитка и пораки за заедништво, солидарност и негување на традиционалните вредности.

Како дел од програмата беа реализирани и натпреварите за избор на најцврсто јајце – качор, за најубаво украсено велигденско јајце, како и натпреварот за најубав цртеж на тема „Велигден – празник на радост, љубов и заедништво“, во кои учество земаа голем број  ученици.

По завршувањето на натпреварите, беа прогласени најуспешните учесници и доделени парични награди:

🥇 Најцврсто јајце – качор: ФИЛИП МАРКОВСКИ

🥈 Второ место: МИЛЕ АРМЕНСКИ

🎨 Најубав цртеж:

🥇 Прво место: ХАДИСА ДЕМИРОВСКА

🥈 Второ место: ЕФИМИЈА РЕМЕНСКА

🥉 Трето место: ЕВА БАРАКОВСКА

🥚 Најубаво украсено јајце:

🥇 Прво место: ТЕОДОРА ПЕЛТЕКОВСКА

🥈 Второ место: КОНСТАНТИНА ПЕОВСКА

🥉 Трето место: ЈОСИФ КАВГАЏИСКИ

Настанот беше збогатен и со хуманитарна акција, организирана од Црвениот крст – Берово, со цел поддршка на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост.

Им благодариме на сите учесници, организатори и посетители кои придонесоа овој настан да помине во духот на заедништво, традиција и празнична радост.

Општина Берово ќе продолжи да организира вакви настани и да ја негува културата и традицијата, создавајќи содржини кои ги обединуваат граѓаните и привлекуваат посетители.

Горе