Ј А В Е Н П О В И К за учество на „Буџетски форум “ на Општина Берово

Почитувани граѓани, претставници на месни заедници, невладини организации, бизнис секторот и млади на Општина Берово,
Општина Берово Ве поканува да бидете директни креатори на локалната иднина и активно да се вклучите во процесот на донесување на Буџетот на Општината за 2027 година, преку учество на Буџетскиот форум.
Форумските сесии се ваша можност директно да кажете кои се најприоритетните проблеми во Берово и во соработка со општинската администрација, да понудите решенија кои ќе станат дел од официјалниот буџет за следната година.
Форумскиот процес ќе се реализира во две клучни сесии.
Прва форумска сесија:   22 октомври 2026 година (четврток), во холот на ОСУ “Ацо Русковски” во Берово, со почеток во 13:30 часот.
Повикот е отворен за сите жители на Општина Берово.
Го охрабруваме учеството на претставници од урбаните и месните заедници, здруженијата на граѓани, локалните бизнисмени, просветните и социјалните работници, како и младите кои сакаат да придонесат со нови идеи.
Вашето присуство е важно – заедно да го направиме Берово подобро место за живеење!
Горе