Честитки за Вангелина Пармачка, од с. Будинарци, за значајното меѓународно признание од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), со кое е избрана меѓу 100-те жени хероини во светот!
Ова значајно меѓународно признание, претставува потврда за нејзината посветеност, истрајност и придонес во развојот на сточарството, земјоделството и зачувувањето на традиционалните производствени вештини.
Нејзиниот успех е резултат на трудот, знаењето и посветеноста на една жена, која преку сопствената работа ја претставува вредноста на македонското село. Покрај сточарството, Вангелина се занимава и со преработка и продажба на традиционално овчо сирење, создавајќи дополнителна вредност од сопственото производство и придонесувајќи кон зачувувањето на автентичните вкусови и традиции на Малешевијата.
Нејзината активност во Мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери, е уште една потврда за нејзината посветеност на унапредувањето на руралните средини и охрабрувањето на жените да ги развиваат сопствените земјоделски стопанства. Преку личниот пример, таа покажува дека земјоделството и сточарството можат да бидат основа за одржлив бизнис, економска сигурност и развој на локалната заедница.
Признанието за Вангелина Пармачка е признание и за сите вредни жени од руралните средини, кои со својата работа, знаење и истрајност, се важен столб на земјоделството и се вистински чувари на традицијата. Нивниот придонес заслужува почит, поддршка и поголема видливост, бидејќи токму преку нивната работа се зачувуваат локалните производи, семејните вредности и богатото културно наследство.
Општина Берово, препознавајќи го нејзиниот придонес во сточарството и земјоделството, на 23 август, по повод Денот на оштината и додели благодарница како израз на почит и признание за нејзината работа и посветеност.
Денеска, меѓународното признание од ФАО, претставува дополнителна гордост за Берово и Малешевијата, потврдувајќи дека вредностите создадени со труд и посветеност во нашите села, можат да бидат препознаени и на светско ниво.
Честитки за Вангелина Пармачка за ова значајно меѓународно признание!
Нејзиниот успех е поттик за понатамошно вреднување на руралните жени, традиционалното производство и потенцијалот на Малешевијата.
