ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРАТА СЕСИЈА НА „БУЏЕТСКИ ФОРУМ “ НА ОПШТИНА БЕРОВО

Почитувани граѓани,

Општина Берово Ве поканува да земете учество на втората форумска сесија, во рамки на „Буџетски форум “, посветена на продолжување на процесот на утврдување на приоритетите и креирање на Буџетот на Општината за 2027 година.

Оваа сесија претставува можност за продолжување на заедничкиот дијалог, размена на идеи и конкретизирање на предлозите за решавање на прашањата од значење за локалната заедница. Преку активно учество, граѓаните имаат можност да ги истакнат своите потреби, да предложат проекти и да придонесат кон утврдување на развојните приоритети на Општина Берово.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 04 ноември 2026 година (среда), во холот на ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, со почеток во 13:30 часот.

Повикот е отворен за сите жители на Општина Берово, а особено ги охрабруваме да се вклучат претставниците на урбаните и месните заедници, невладините организации, бизнис-секторот, образовните и социјалните институции, како и младите.

Вашите идеи, предлози и активно учество се важен придонес во создавањето на буџет кој ќе одговори на реалните потреби на граѓаните.

Заедно ги утврдуваме приоритетите, заедно ја креираме иднината на Берово!

Горе