Category: Култура

Градоначалникот Пекевски оствари средба со сликарот Казим Дрекович

Вчера, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во својот кабинет, оствари средба со сликарот Казим Дрекович, магистер по сликарство, патник и набљудувач, вработен во културниот центар во Нови Пазар –Србија, како сценограф и фотограф. На средбата разговараа за културно уметничка соработка, организација на уметничка колонија, на повеќе врвни уметници од цел свет, во духот на [...]

НЕДЕЛА, 12 ЈУНИ, ВО 12:00 ЧАСОТ- ГЛЕДАЈТЕ ,,ВЕЗИЛКА” ОД БЕРОВО НА ТВ АЛФА

Оваа недела "Везилка" е домаќин на Берово  и беровчани . Вкусот на традицијата, фолклорот и културата, беровските музички таленти, ракотворци и нашите неодолливи малешевски специјалитети, се на едно место. Уживајте во новата епизода на забавното шоу, во недела во 12:00 часот, на ТВ Алфа.

Пензионерите, чувари на традицијата Во Берово се одржа 20- тата регионална пензионерска ревија на песна музика и игра

Над 200 пензионери од: Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани, денеска зедоа учество на 20-тите по ред регионални ревијални пензионерски средби кои  се одржаа во Берово. На 20 тата регионална пензионерска ревија на песна музика и игра, пензионерите преку песна и оро, ги презентираа фолклорните и традиционални обичаи од нивните краишта, со што, [...]

Велигденската прослава го наполни беровскиот плоштад

Плоштадот ,,Димитар Беровски", во Берово, блесна, преполн со народ, на првиот велигденски ден и низ песни и ора, традиционално, го славиме Христовото воскресение. Со зборовите Христос Воскресе– Навистина Воскресе! како што е традиционално, денеска, си го честитаме големиот христијански празник Велигден и си посакуваме мир во душите и радост во срцата. После долги 2 години, [...]

ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО ПОСТАВЕНА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА “РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ЦВЕЌЕ”

Во историско етнолошкиот музеј во Берово, денес е поставена изложба на тема “Ретроспективна изложба цвеќе” од Домот за млади и деца Благој Мучето од Струмица. Изложбата е во организација на Домот за култура “Димитар Беровски” Берово, а поставени се 14 уметнички дела изработени од ученици од основните училишта во Македонија.Меѓу нив се наоѓаат и три [...]

20.000,00 денари за Андреј Бубевски по јавниот повик – фото предизвик за млади

Андреј Бубевски е младинец од Берово, кој доби награда од 20.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, по  јавниот повик  за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади,  со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово. Денеска во салата на Општина Берово, во присуство на претседателот на Совет на [...]

Во беровско Ратево се одржува карневалот „Ратевски Бамбурци“

И покрај посебните услови, поради пандемијата од КОВИД-19, продолжува традицијата, во беровското село Ратево, на растерување на злите духови, преку маски кои се сопствена изработка од природна кожа. Градоначалникот на општина Берово, честитајќи го празникот Собор на св. Јован Крстител ,  го отвори препознатливиот карневал ,,Ратевски бамбурци", кој влезе во календарот на културни случувања во [...]

Саем на книги, денес во Берово

Во рамките на активностите од областа на библиотекарството во Дом на културата ,,Димитар Беровски" во библиотеката ,,Народна просвета,, денеска престојува издавачката куќа ,,Сакам книги,,. Повелете посетете го Саемот на книги, каде може да најдете огромен број на наслови, со новогодишни цени. Саемот ќе трае во текот на денешниот ден, од 9 до 18 часот. Сите [...]

ЈАВЕН ПОВИК за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово

Врз основа на член 6 од Правилникот за награди и откуп на фотографии–фото предизвик за млади со мотиви од  пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово, со број 09-4089/1 од 30.11.2021 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/2021 од 01.12.2021 година), a во согласност со Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот [...]

БЕРОВО го празнува 11 Октомври- Ден на народното востание

ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА. 80 години од денот кога македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителната војна. На вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права, македонскиот народ застана рамо до рамо со слободарските сили во Европа и светот, и остави свој печат [...]
Горе