Градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, победници на шоуто ,,Пат до ѕвездите”

Денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, кои освоија прво и второ место на новото талент шоу ,,Пат до ѕвездите”.

Од вкупно 32 натпреварувачи во шоуто, 3 натпреварувачи беа од Берово, а во финалето се натпреваруваа 8 финалисти, од  кои двајца беа нашите Кристијан и Илија и тие го освоија првото и второто место.

Градоначалникот им  го честита постигнатиот успех и им посака уште многу вакви успеси во иднина, да ја красат македонската естрада, а ние беровчани секогаш ќе се гордееме со нив. Посака да работат, секогаш да напредуваат и да ја афирмираат Општина Берово, како врвни таленти.

Како првонаграден, Кристијан ќе добие снимање на  3 песни со спотови, а Илија, снимање на  1 песна и спот, од организаторот „Арт студио“.  Кристијан ни најави дека после снимањето на песните, очекува издавање и  на сопствен албум.

Двајцата талентирани музичари од Берово, споделија со нас, дека шоуто било едно прекрасно искуство и дружење, фер натпреварување и вистинска забава, во добра организација и настан на високо ниво.

Кристијан најави дека во текот на месец август, има закажано многу настапи во земјата и пошироко, а планира да организира и настан во Берово, на кој ќе настапат поголем дел од финалистите и дел од жирито на шоуто.

Шоуто коешто е во продукција на Арт студио и се емитуваше на Balkan Music Tv и телевизија Алфа, промовираше нови домашни музички таленти,  со цел да им го „отвори” патот до ѕвездите, а беровчани уште еднаш покажаа дека Берово располага со многу таленти во музика.

Горе