Преку презентација на малешевската народна музика, го зачувуваме културното наследство од регионот

По повод одбележување на ,,Меѓународниот ден на музеите”-18ти мај, во организација на Дом на културата ,,Димитар Беровски” , во Историско етнолошкиот музеј во Берово, се одржа прекрасен настан, на кој  беше презентирана во живо малешевска народна музика.

Концертната програма  ,,Музичко наследство од нашиот град Берово” од претежно традиционални малешевски песни во исполнение на регрутирани и менторитани ученици низ работата на новиот културно-едукативен модул ,,Регрутационо музичко катче” при ДК ,,Димитар Беровски” беше вистинско изненадување за публиката, која ги  препозна и поздрави стремжите на вработените за унапредување на стандардизираната концепција, за промоцоја на традиционалното музичко наследство од Берово.

Сите присутни беа исполнети со задоволство од традиционалните малешевски звуци, изведбата и од  гласовните способности на учесниците на настанот.

Благодарност до организаторот, за промоцијата на традиционалното културно наследство од нашиот регион, посакуваме ваквите настани да бидат повеќе присутни во Берово, да ги откриваме талентите и правилно да ги насочуваме генерациите кои идат.

Горе