Берово го најавува тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2023 година

Со задоволство, сакаме да Ви го најавиме, нашиот и ваш ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2023 година, во периодот од 25 до 27 август, 2023 година.

Интензивно се работи на подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион.

Фестивалот ќе започне на 25 август (петок), со свечено отварање , на сцената во центарот во Берово,  после што  настап ќе имаат голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови.

Фестивалот го организира Општина Берово, а  финансиски поддржан и од Министерството за култура.

Во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, можете да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири,  ракотворби,  еколошки производи, традиционални занаети и слично.

Берово, во периодот  од 25-ти до 27-ми август, е вашата дестинација, доколку сте заинтересирани за многу забава.

Горе