ЕТНО група Брус, со настап на ЕТНО плоштад фестивал во Берово

Берово отсекогаш важел за домаќински град, кој несебично им дава поддршка не само на нашите амбасадори на музиката и културата туку и нашите соседи – пријатели, чие пријателство со години се негува и прославува не само дружбата туку и музиката, културата, традицијата на релација Берово – Брус. Оваа вечер повторно имавме можност да уживаме во нивниот настап и да ни покажат некои свои примеси преку својот етно мелос.
Голем број на изворни и традиционални песни имавме можност да слушнеме во прекрасна изведба на ЕТНО ГРУПА БРУС.
Ова не е прв пат оваа група да настапува во рамките на ЕТНО плоштад фестивалот, со што ја продолжуваме културната соработка и градиме цврсти културни врски и безброј убави спомени.
ЕТНО ГРУПА БРУС изворно и традиционално на етно плоштад фестивалот во Берово.
Горе