ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ плоштад „Димитар Беровски“ во Берово НЕДЕЛА16.04.2023, со почеток во 12 часот

По повод големиот христијански празник Велигден, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово, во организација на Дом на културата ,,Димитар Беровски” од Берово, во соработка со Општина Берово, ќе се одржи ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ во  НЕДЕЛА,  16.04.2023, со почеток во 12 часот. Во склоп на велигденската прослава ќе се одржи и  традиционалниот натпревар за Избор на најцврсто јајце – КАЧОР, при што ќе се доделат 2 награди:

1 награда,  во износ од  5.000,00 денари и

2 награда, во износ од  3.000,00 денари.

Пријавувањето за најцврсто јајце – КАЧОР, ќе биде од 10:30 до 12:00 часот.

Прославата ќе биде збогатена со Културно уметничка програма, изложба на украсени велегденски јајца, изработени од децата од детската градинка и основните училишта и презентација на украси изработени од учениците од ОСУ ,,Ацо Русковски” (текстилна насока).

Воедно, Ве известуваме дека доколку временските услови не дозволат, концертот нема да се одржи.

Горе