ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ И САЕМ ,,МАЛЕШЕВИЈАТА НА ДЛАНКА” – БЕРОВО 23-25 АВГУСТ 2024 ГОДИНА
23-25 АВГУСТ 2024 ГОДИНА, ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2024 ГОДИНА И САЕМ НА ТРАДИЦИОНАЛНИ МАЛЕШЕВСКИ ПРОИЗВОДИ ,,МАЛЕШЕВИЈАТА НА ДЛАНКА", во БЕРОВО. Одбројувањето до големиот ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ ЗАПОЧНУВА СЕГА ! ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ БЕРОВО 2024 АВГУСТ, СИТЕ ОДИМЕ ВО БЕРОВО! МНОГУ МУЗИКА МНОГУ ЗАБАВА ТРАДИЦИОНАЛНИ МАЛЕШЕВСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ СЕ НА ЕДНО МЕСТО БЕРОВО Е ВАШАТА СЛЕДНА ДЕСТИНАЦИЈА.
DJ BONO на настан ,,Ајде да се дружиме во Берово “
Со нашиот DJ BONO, ја заокружуваме оваа прекрасна вечер, на која се забавувавме во добро расположениe, уживавме и ги наградивме најдобрите. Мелодијата на секојдневието, музиката, која што раскажува приказна и не тера да се враќаме назад кон минатото, но и смело да чекориме напред, отворајќи нови хоризонти и моменти за памтење, вечерва на настанот ,,Ајде [...]
Извонреден новогодишен концерт на КУД ,,Димитар Беровски” во Берово
Синоќа, во холот на ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, имавме можност да го проследиме 20-тото издание на традиционалниот новогодишен концерт на КУД ,,Димитар Беровски” , при Домот на културата во Берово,,Димитар Беровски”. Извонредни кореографии, проткаени низ традиционални фолклорни носии, ни покажаа членовите на КУД ,,Димитар Беровски”, раководени од етнокореографот Методи Скендерски, а ние уживавме во [...]
Чествување на ликот и делото на Ацо Караманов
По повод годишнината од загинувањето на великанот, поет и борец Ацо Караманов и 50-годишниот јубилеј ,,Караманови поетски средби” , општинската установа Центар за култура ,,Ацо Караманов” од Радовиш, во соработка со општина Берово, положија венци, на спомен обележјето, на местото на загинување на револуционерот, во близина на с. Смојмирово- Берово. Делегации од Општина Берово и [...]
Културно уметничка програма по повод 23 август- Ден на Берово
Среда 23.08.2023 година Бизнис инкубатор Берово Почеток 11:00 часот. Настап на Тимко Чичаковски- канон и Јована Богдановска – вокал Самостојна изложба на уметнички фотографии од Мартин Буровски Во чест на денот на општина Берово, 23 август, а на наше големо задоволство, Ве покануваме заеднички да го проследиме настапот на нашиот сограѓанин, професорот по народни [...]
Берово го најавува тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2023 година
Со задоволство, сакаме да Ви го најавиме, нашиот и ваш ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2023 година, во периодот од 25 до 27 август, 2023 година. Интензивно се работи на подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион. Фестивалот ќе започне на 25 август (петок), со свечено отварање , на сцената во центарот [...]
Градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, победници на шоуто ,,Пат до ѕвездите”
Денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, кои освоија прво и второ место на новото талент шоу ,,Пат до ѕвездите”. Од вкупно 32 натпреварувачи во шоуто, 3 натпреварувачи беа од Берово, а во финалето се натпреваруваа 8 финалисти, од кои двајца беа нашите Кристијан и Илија и тие [...]
КУД при ДК ,,Димитар Беровски” на Меѓународен фестивал во Будва
Културно уметничкото друштво, при Дом на културата ,,Димитар Беровски", од Берово , деновиве гостуваат во Будва, каде што учествуваат на Меѓународниот пролетн фестивал ,,Будва2023". Во настапот на нашето културно уметничко друштво, на летната сцена во Стари град Будва, синоќа уживаше публиката, која што ги поздрави со огромни аплаузи. Кореографиите на играорците, предизвикаа навистина голем интерес, [...]
Преку презентација на малешевската народна музика, го зачувуваме културното наследство од регионот
По повод одбележување на ,,Меѓународниот ден на музеите"-18ти мај, во организација на Дом на културата ,,Димитар Беровски” , во Историско етнолошкиот музеј во Берово, се одржа прекрасен настан, на кој беше презентирана во живо малешевска народна музика. Концертната програма ,,Музичко наследство од нашиот град Берово" од претежно традиционални малешевски песни во исполнение на регрутирани и [...]
ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ плоштад „Димитар Беровски“ во Берово НЕДЕЛА16.04.2023, со почеток во 12 часот
По повод големиот христијански празник Велигден, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово, во организација на Дом на културата ,,Димитар Беровски" од Берово, во соработка со Општина Берово, ќе се одржи ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ во НЕДЕЛА, 16.04.2023, со почеток во 12 часот. Во склоп на велигденската прослава ќе се одржи и традиционалниот натпревар за Избор на најцврсто [...]
