Category: Вести

Продолжува асфалтирањето на улици во беровско Двориште

Со асфалтирање на улици , во центарот на селото , се заокружуваат градежните активности, во рамките на проект ,,Македонија без кал", со кој значително е подобрена патната инфраструктура во беровското село Двориште. Со реконструкцијата на  улиците во с. Двориште,  се обезбдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места , земјоделците  добиваат подобар пристап  до [...]

Започнува пролетната акција за кастрење на непотребната вегетација

Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини. Со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, поточно на ул.,,Задарска",  а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно. Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, [...]

Усвоена завршната сметка на Општина Берово за 2021 година

Со 13 гласа ЗА и ниту еден против, денеска на 10-тата Седница на Совет на општина Берово, усвоена е завршната сметка на Општина Берово за 2021 година. Притоа од планирани 334.580.000,00 на приходна и расходна страна, реализирани се 306.801.289,00 денари на приходна, од кои потрошени се 286.842.030,00 денари. Од основниот  Буџет за 2021 година, од [...]

Одржано 2 коло од работнички спортски игри во Берово

Пред голем број публика , на трибините, во салата „Македонски бранители“ во Берово, вчера, се одржа 2 коло од Работничките спортски игри во мал фудбал,  кои ги организира Општина Берово. Присутните во салата имаа можност да гледаат прекрасен фудбал и одлични голови, со што се потврдува потребата од вакви спортски настани, кои во последните две [...]

Утре ќе се гласа Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2021 година Советот на Општина Берово, утре со почеток во 8 часот, со физичко присуство, во големата сала ќе ја одржи својата 10-та Седница

На 10-тата Седница на Совет на Општина Берово, ќе се најдат следниве точки на дневен ред:   Записник од 9-та Седница на Совет на Општина Берово; Измена на Годишен план за вработување на Општина Берово за 2022 година; Предлог Одлука за утврдување на приоритет за учество и користење на средства од Програмата за поддршка на [...]

Потпишан договор за набавка на специјално возило за справување со природни катастрофи

Во рамките на имплементацијата на проектот „Волонтери преку граница“, потпишан е  договор за набавка на специјално возило за спасување од природни катастрофи. Специјалното возило ќе биде набавено со два посебни модула: модул за гасење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси. Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република [...]

Градоначалникот Пекевски ги посети корисничките од Домот за стари лица

Срдечни честитки по повод 8 март,  со желба во иднина да ја унапредуваме  соработката и да создавеме  содржини, што ќе им обезбедуваат пријатен престој и безбеден дом, по повод денот на жената, денеска им беа упатени на  корисничките на услугите на Домот за стари лица во Берово, од страна на градоначалникот на општина Берово, Звонко [...]

Среќен 8ми март на сите припаднички на понежниот пол

Почитувани дами, Дозволете ми да го изразам моето највисоко почитување, кон сите припаднички на понежниот пол, во чија чест се празнува денешниот ден, кој е симбол на борбата за права и еднаквост. Посакувам секој ден во годината да бидете сакани и почитувани и секојдневно заеднички да ги унапредуваме правата на жената во општеството. Бидете горди [...]

Потпишан договорот за реконструкција на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро

Со реконструкција на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро, на почетокот на градежната сезона, продолжуваме со подобрување на условите за развој на туризмот, како стратешка гранка за развој на Берово. Денеска во Кочани, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,  потпиша договор, за реконструкција на улицата, со Стоименов ДООЕЛ Кочани и Центарот за развој на [...]

Се асфалтира улица во центарот на с. Двориште

Со реконструкција на улица во центарот на с. Двориште, привршуваат градежните активности по проект ,, Македонија без кал", кој што Општина Берово  го реализира преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска банка. Денеска Градоначалникот Пекевски,  изврши увид во градежните активности, а на селскиот мегдан го пречекаа задоволни граѓани, кои после долги години [...]
Горе