ИЗВЕСТУВАЊЕ за отпочнување на постапка за промена на режим на сообраќај во централно градско подрачје
Се известувааат жителите на Општина Берово, дека во тек е отпочнување на постапка за промена на режим на сообраќај на ул. “Цветан Димов”, дел од ул. “Маршал Тито”, ул. “Белградска”, дел од ул. “Карпош” и дел од ул. “23 Август”- ромски рид во Берово, односно определување на истите како еднонасочни улици. Во интерес на навремено [...]
Утре со почеток во 08:00 часот, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи својата 20-та Седница
На 20-тата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи утре (29.11.2022 година), со почеток во 08:00 часот, ќе се најдат следните точки на дневен ред: Записник од 19-тата Седница на Совет; Предлог Измена на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2022 година; Предлог Одлука за формирање на Локален совет [...]
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА БЕРОВО
Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Берово. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ, го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, од едната страна и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, од другата [...]
АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини”
Почитувани жители на Општина Берово , Во пресрет на зимската сезона, со цел решавање на проблемот со паркирани хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и претставуваат лоша слика за Берово, , Општина Берово, ги известува граѓаните, дека започнува со АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини” . Во таа [...]
Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето
Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето, од страна на Европската организација за локална демократија – АЛДА. Општина Берово, успешно го спроведе процесот на самоевалуација и покажа високо ниво на усогласеност со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа. Денеска, Градоначалникот на Општина Берово, ја прими наградата, на чие [...]
Едукативна кампања по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
По повод Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, ОВР БЕРОВО во соработка со Општина Берово, денеска на улиците во градот, реализираа превентивно едукативна кампања "Вози одговорно". На учесниците во сообраќајот, им се поделени превентивно едукативни матерјали. со цел едукација и подигање на свеста за последиците од сообраќајните незгоди. Притоа пораките кои се [...]
Делегација од општина Берово, присуствува на Економски форум во Прага
Во рамки на Чешкото претседателство со Советот на ЕУ, градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски и раководителот на Одделението за ЛЕР, Ѓорѓи Пеовски, присуствуваат на тридневниот Економски форум ,,Паметни градови во рамки на ЕУ – Западен Балкан”, што се одржува од 16 до 18 ноември во Прага, Република Чешка. Саемот е посветен на трансфер на [...]
Одржана трибина на тема ,,Дијабет и исхрана”
По повод Светскиот ден на дијабетисот, 14 ноември , во рамки на активностите за подигање на свеста кај луѓето за дијабетесот, во организација на Општина Берово, вчера, во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа едукативна граѓанска трибина на тема ,,Дијабет и исхрана”. Пред преполната сала граѓани, за улогата на исхраната во превенција и лекување на [...]
8000 денари субвенционирање на млади лица за возачки испит од Б категорија
Младите лица, кои се жители на Општина Берово и редовни ученици во III и IV година, во ОСУ ,,Ацо Русковски “ од Берово, ќе бидат субвенционирани, со 8.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за полагање на возачки испит Б категорија. Мерката е дел од програмата за социјална заштита на Општина Берово, која едногласно беше [...]
Продолжува реконструкцијата на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово
Продолжува реконструкцијата на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово, – втора фаза, со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање. Водоснабдителната мрежа, се реконструира по сите современи стандарди и ќе обезбеди соодветен проток и притисок на мрежата, до крајните корисници. Проектoт е дел од [...]