Реконструирана кровната конструкција на спортската сала во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во с. Русиново

Во рамките на активностите  за подобрување на условите за учење на учениците, извршена е промена на   кровната конструкција на спортската сала  во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во с. Русиново – Берово. Се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование.

Со реконструкција на овој објект, во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во с. Русиново,   ќе се подобрат условите за учење, спорт и рекреација и ќе се заштити зградата на училиштето.

Домаќинското работење на ООУ „Никола Петров Русински”- с. Русиново – Берово, ја потврдува грижата за своите ученици и вработени.

Сретствата во износ од 1.168.548,00 денари, се обезбедени од Буџетот на училиштето за 2023 година.

Горе