Започнуваме со реализација на проект за новогодишно украсување на Берово.

Со светлечки украси, се китат централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово.
Светлечки украси се поставуваат на градскиот плоштад , а наскоро, ќе биде поставена новогодишна елка и светлечки тунел, кок ќе ја надополнат новогодишната атмосфера.
Целосното украсување треба да биде заокружено во наредните неколку денови, по што Берово, како туристичка дестинација, за дочекот на новата 2024 година, ќе блесне со сиот свој сјај.
Сметаме дека украсувањето на градот, ќе донесе позитивен бран за сите нас, а особено ќе се радуваат децата.
Украсувањето на градот, значи за секој од нас, да има можност да ја почувствува новогодишната атмосфера и да ужива во прекрасната слика на нашето најубаво Берово.
Горе