Берово е домаќин на 44-тата МАКИНОВА 2023 и 21-вата ЕКОНОВА 2023

По  повод Светскиот ден на науката,  во периодот од 10-11 ноември, ОСУ ,,Ацо Русковски”, од Берово,  е домаќин на Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво,  44-тата по ред, МАКИНОВА 2023 и 21-вата, ЕКОНОВА 2023, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија СПАТУМ и Народна техника на Македонија.

Голем број млади лица, ги презентираат нивите креативни производи, користејќи нови технологи,  нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво.

Присутните ги поздрави и настанот за отворен го прогласи Заменичката на Претседателот на Владата на РСМ, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која ја истакна на важноста на оваа манифестација, која што, како што додаде е одлична можност да се истакне значајната улога на научниот пристап за севкупен прогрес на општеството. Таа истакна дека клучно во развојот на добри политики е  иднина на развојот и на решенија засновани на доказ.

Градоначалникот Пекевски им посака добредојде на гостите во Берово , убаво да си поминат и со себе да понесат убави спомени. Посочи дека Берово отсекогаш имало натпреварувачи кои освојувале награди, кои понатаму широко им ги оторале патиштата. Посака убавв престој, дружба и забава и постигнување на заслужен успех, со кој понатаму ќе се гордееме.

Присутните ги поздрави и Проф.д-р. Љубица Каракашова, претседателка на Организационен одбор на СПАТУМ, која ги нагласи природните убавини на Берово и истакна дека Берово заслужено се носи со епитетот еколошки бисер.

Присутните, имаа можност да ги разгледаат изложените штандови, иновативните решенија, пронајдоци и патенти и да уживаат во изложбата.

Настанот продолжува и утре, кога ќе следува и прогласувањето на најдобрите.

Горе